Пасхална литија во Пречиста – благослов од Владичицата на светот

Date:

Share post:

Бигорската Обителм го одбележа празникот Источен петок – Балаклија со литија во манастирот Пречеста.

Во продолжение записот од Бигорски за овој ден.

Како што во црковните богослужби секое песнопение завршува со воспевање на Мајката на Животот, со Онаа Која е причина за спасението наше, така и Светлата воскресенска седмица како свој венец го има празникот на Пречистата Богомајка, наречен Живоносен Источник – Балаклија. Историјата на овој празник започнува со истоимениот чудотворен извор во Цариград, во средината на 5 век, но во духовна смисла, тој ја открива вечната тајна на Исцелитеката на смртните рани на човечкиот род. „На оние што пристапуваат со љубов“, пее денес Црквата „животочниот кладенец на бесмртниот Извор изобилно им дава неисцрпни исцеленија. Затоа, ние коишто сме осквернети од страсти, да притрчаме кон Отроковица и да ги измиеме“.

Преку Богородица ние ја чувствуваме воскресенската радост; преку Неа ја вкусуваме сладоста на невечерниот Ден; преку Неа се облекуваме во слава; преку Неа влегуваме низ дверите на вечната радост. Таа ни е икона на спасението, Таа ни е причастие со Божествената убавина. Затоа, секој нејзин празник со особена чест и благодарност го празнуваме. Величието, пак, на денешното нејзино славје е посебно, затоа што тоа е озарено со серадосните зраци од славното Воскресение.

Оттука и неизмерната радост што денес нашето монашко семејство, собрано околу својот Старец, Архимандрит Партениј, ја чувствуваше на Литургијата и на Пасхалната литија во Манастирот на Пречистата Дева во Кичево. Молитвениот и благодарствен изблик на нашите души за време на Светата Евхаристија, на Литијата и на водосветот на местото Господинец, каде што за Христа – вечната Вистина и Победа, пострадале Светите Пречистански Преподобномаченици, беше дар од Мајката на Светлината, од Онаа од Која ни доаѓа секоја небесна милост.

Дар, но истовремено и уверување дека љубовта и мајчинската заштита на Пресвета Богородица се над секое страдание, над секоја тага и над секоја болест, вклучително и на оваа последнава, како и над сите лаги, злобни завери и поигрувања со човечката несреќа. Уште еднаш Таа, Родителката на Божјата Премудрост, ги потврди Божјите зборови, искажани преку мудриот Соломон: слушајте, цареви и разберете, поучете се, судии, од краиштата на земјата. Внимавајте вие што владеете со множествата и кои се фалите со бројноста на вашите народи! Господ е Оној, Кој ви ја подари власта, а силата е од Севишниот; Тој ги проучува вашите дела и ги проверува вашите намери… (Мудр. 6,1-3).

Затоа, трогнати од денешната нежна Богородична прегратка, ние со восхит воскликнуваме:

„Радувај се, извору на радост непрестајна! Радувај се, потопување на секакви страсти! Радувај се брану, кој лекуваш различни болести! Радувај се, од Бога излеана бањо и нектару! Радувај се, водо спасителна! Радувај се, на светот Владетелке!“

ГАЛЕРИЈА: 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...