Папата Франциск ги спореди бегалските центри со концентрациони логори

Date:

Share post:

Европа врши самоубиство затварајќи ги своите граници пред мигрантите и бегалците, изјави папата Франциск во саботата и ги спореди некои преполни европски прифатни центри со нацистичките концентрациони логори, пренесува „Дојче веле“.

Во својата проповед папата ја пофали великодушноста на Италија и на Грција, првите европски земји во кои бегалците стигнуваат на патот кон Европа и ги критикува меѓународните договори кои ја спречуваат прерасподелбата на мигрантите низ Европа.

– Бегалските центри се концентрациони логори зашто се пренатрупани – рече Франциск во текот на посебниот верски обред во центарот на Рим на комеморацијата за христијанските маченици на нашата доба.

Тој ја предводеше мисата во базиликата „Св. Бартоломеј“ во аловоцрвената свештеничка одора која му припаѓала на Рагид Азиз Гани, калдејски свештеник убиен во Мосул, во Ирак, во 2007 година.

– Вистина е, ние во Европа сме цивилизација која престанува да раѓа деца, но воедно ги затвораме вратите за мигрантите. Тоа се вика самоубиство – рече папата.

Тој потоа се присети на средбата со еден бегалец и неговите три деца минатата година кога го посети бегалскиот логор на грчкиот остров Лезбос. Човекот му рекол дека е муслиман и дека сопругата, која била христијанка, терористите му ја заклале пред очите зашто одбила да се одрече од крстот. Папата не го наведе државјанството на тој бегалец, но додаде дека не знае дали успеал да го напушти тој концентрационен логор.

Говорот на Франциск предизвика лавина критики, а американскиот еврејски комитет (АЈЦ) го повика вчера да го преиспита својот избор на зборови кога го користи терминот концентрационен логор.

– Условите во кои мигрантите живеат во моментот во некои европски земји можеби се тешки и заслужуваат поголемо внимание од меѓународната заедница, но тоа секако не се концентрациони логори – изјави директорот на АЈЦ – Дејвид Харис.

Харис потсетува дека нацистите и нивните сојузници ги отворале и ги користеле концентрационите логори за робовска работа и истребување милиони луѓе во Втората светска војна, што не може да се спореди со ништо друго

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...