Почетна Вера Муслиманите ја одбележаа Ноќта на мираџ

Муслиманите ја одбележаа Ноќта на мираџ

136
0

Муслиманите во Македонија ја одбележаа Ноќта на мираџ во Скопје со програма во рамките на која беа читани делови од светата исламска книга Куранот и беа изведувани илахии (духовни песни), јавува Anadolu Agency (AA).

По вечерната молитва во џамијата Мурат Паша, која се наоѓа во Старата турска чаршија во Скопје, беше организирана програма по повод Ноќта на мираџ.

Програмата која започна со читање на Куранот, а продолжи со илахии кои ги интерпретираа машките ученици на месресата Иса Бејгво Скопје, кои освен на турски, илахиите ги интерпретираа и на албански и на босански јазик.

Верниците муслиманите од Скопје покажаа голем интерес по повод вечерашниот настан.

Покрај програмата во Скопје по повод Ноќта на мираџ, слични програми беа организирани и во џамиите во останатите градови низ Македонија.

Инаку, Ноќта на мираџ се одбележува на 27. ноќ од месецот Реџеп според исламскиот календар, кој оваа година се паѓа во ноќа помеѓу 23 и 24 април според грегоријанскиот календар, а претставува ноќ кога се возвишил Мухамед, Божјиот пратеник на муслиманите.

А.А.


НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *