Панихида за загинатите припадници на МВР во Куманово

Date:

Share post:

panihida 1Во Соборниот Храм Свети Никола во Куманово денеска во организација на граѓани од населбата „Тоде Мендол“ се одржа панихида за осумте бранители кои животот го загубија при антитерористичката акција на МВР во кумановско „Дива Населба“.

На панихидата присуствуваа жители на „Дива Населба“, бранители, членови на Здружението бранители од 2001, претставници од политичките партии, пратеници, локалната власт, граѓани на Куманово… кои им изразија почит на загинатите припадници на специјалните единици на македонската полиција.

Имињата на македонските херои, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, беше речено на панихидата, никогаш нема да бидат заборавени.

– Се собравме овде да им оддадеме почит за нашите бранители кои го дадоа животот за нашата Македонија,нема да ги заборавиме, вечно ќе живеат во нашите срца, рече Миле Петларски, граѓанин на „Дива Населба“.

Петларски истакна дека на оваа парче земја има место за сите нас, без разлика на верата и националноста и истакна дека треба да живееме во заедништво и слога. Нагласи дека на панихидата се поканети сите без разлика на националната, политичката, верската… определба.

Љупчо Гиевски, пак, жител на „Абдул Прешева“ улица од „Дива Населба“, рече дека и сега и претходно немале никакви проблеми со соседите од албанска етничка заедница, дека живеат во мир и слога. Се присети на настаните од 9 мај и посака никогаш да не се случат

МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...