Оваа недела во Македонската православна црква се одржува „неделата на светото писмо“. Организацијата покрај на МПЦ-ОА е и на Движењето за организирана духовна обнова на Македонија.
Главната тема од предавањата е посветена на значењето на Црквата.
Презвитер Ивица Тодоров, еден од организаторите на Неделата на ветото писмо, во емисијата на Сител 3, на Јанко Илковски „Јади Бурек“ зборува за значењето на овој настан, како и програмата по која ќе се одвива.
Отец Ивица Тодоров зборува и за состојбите во црквата и општеството. Како што вели, „наша обврска е да работиме и да го носиме товарот што сме го презеле“.

