Ограбена црква во тетовско

Date:

Share post:

Шест илјади денари штета била причинета по кражбата што засега непознати сторители ја извршиле во црквата „Свети Атанасије“ во тетовското село Радиовце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци кражбата што била извршена ноќта помеѓу понеделник и вторник била пријавена вчера од Б.А.(69) од Радиовце.

– Засега непознатите сторители најпрво го скршиле стаклото од црквата, влегле внатре и од масата за свеќи одзеле 2.500 денари како и уште 1.000 денари што биле оставени на две икони. Покрај ова од плакар во внатрешноста одзеле и ДВД причинувајќи вкупна материјална штета што се проценува на 6.000 денари, рече Јосифовски.

Додаде дека по извршениот увид се превземаат мерки и активности за целосно расветлување на пријавениот случај и за откривање на сторителите.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...