Верски календар: 17 јуни
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Гргур Барбаринго.
Бил роден во 1625 година, во Венеција. За сериозноста на неговиот верски живот говори фактот, дека кога бил дете станувал навечер и се молел. Бил талетиран и учел математика и картографија. Свети Гргур почувствувал дека Господ го повикува во својата служба за спасување на луѓето. Станал свештеник, а потоа и бискуп. Своите должности ги извршувал совесно. Умрел во 1697 година.

