Почетна Коментар РПЦ го ослободи Јован, а тој и заби нож во грб
РПЦ го ослободи Јован, а тој и заби нож во грб

РПЦ го ослободи Јован, а тој и заби нож во грб

1.48K
0

Со голема црковно-дипломатска офанзива Руската Православна Црква и Руската дипломатија, минатата година ги убедија македонскиските власти да го ослободат од затвор Архиепископот на ПОА Јован Вранишковски за да се отвори врата за рашавање на спорот МПЦ-СПЦ.

Јован и неговиот ментор Иринеј Буловиќ
Јован и неговиот ментор Иринеј Буловиќ

Една година подоцна, Вранишковски се наметнува како владика на СПЦ кој најревносно ги застапува грчките ставови и најжестоко се противи на руското влијание во црквите на Балканот.

По кој знае кој пат, Јован застанува против оние кои му помогнале. Овој пат Вранишковски го изигра рускиот епископ Иларион Алфеев, кој лично доаѓаше во Македонија да бара негово ослободување. Алфеев како одговорен за дипломатијата на РПЦ во последните неколку недели го застапува ставот дека Вселенскиот собор на православните цркви во Крит мора да се одложи, а Јован Вранишковски се прокламира како егзарх на СПЦ кој најревноано ја застапува тезата дека Српаката Црква треба да учествува на Вселнскиот Православен Собор во Крит.

Ова се потврди со писмото кое Јован го пратил до Српскиот Патријарх во кое практично го цинкари владиката Иринеј Бачки за кого вели дека сака да направи пуч во СПЦ со барањето таа да не учествува на вселенскиот собор.

Да биде идонијата поголема, како што дознава Религија.мк од извори од СПЦ, Вранишковски ја прокламирал и тезата дека Иринеј Буловиќ прави пуч со помош на Руската Православна Црква.

Ова е уште едно забивање на нож в грб ако се знае дека Буловиќ му беше главен ментор на Јован во проектот за создавање на Православната Охридска Архиепископија.

На крај СПЦ одлучи да отиде во Крит, а доколку таму не се донесе одлука за одложување на соборот тие ќе го напуштеле.

Но, како што дознаваме, по се изгледа Јован нема да ја испочитува ваквата одлука и на неговата матична црква и ќе остане на Соборот кој е оспоруван од поголем дел од православниот свет со што ќе сака да создаде слика дека тој е навистина автономен од СПЦ.

Љ.З.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *