Обама: Светот мора да се обедини во борбата против тероризмот

Date:

Share post:

Американскиот претседател Барак Обама од Хавана ги осуди нападите во Брисел и нагласи дека САД се ќе направат да им помогнат на белгиските власти да ги пронајдат одговорните.

– Ќе направиме се што е потребно за да го поддржиме нашиот пријател и сојузник Белгија и одговорните да ги изведеме пред лицето на правдата, изјави Обама.

Тој додаде дека нападите во Брисел се уште еден индикатор дека светот мора да се обедини во борбата против тероризмот без оглед на „националноста, расата или верата“.

– Ние можеме да ги поразиме тие кои ја загрозуваат сигурноста и небезбедноста на луѓето ширум светот и тоа ќе го направиме, истакна Обама.

Во меѓувреме американскиот државен секретар Џон Кери разговараше со шефот на белгиската дипломатија, а Стејт департментот ги проверува извештаите дека во нападите се повредени најмалку тројца Американци.

Во терористичките напади на бриселскиот аеродром и на метро-страницата во центарот на градот, според најновите информации загинаа околу 35 луѓе, а 200 се повредени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...