Намерата на одредени структури во МПЦ-ОА да ја замолчат Религија.мк не прекинува. Напротив, добива на интензитет. Јавниот линч по социјалните медиуми е само еден од аспектите за притисок.
Откако пропадна обидот за црковен суд, сега со цел да се засилат заканите, притисоците и уцените, се прави обид да биде вмешана државата, преку нејзините институции. Истиот лик од МПЦ-ОА, првиот пат се обиде да се сокрие зад Синдот на МПЦ-ОА, а сега се обидува да се сокрие зад државата.
Владиката Григориј, во име на Кумановско-осоговската епархија со која раководи, поднел кривична пријава до Јавното обвинителство со која бара мој прогон поради како што навел „Ксенофобија, расизам и шовинизам, ширен по пат на компјутерски криминал“. Како аргументи во пријавата навел текст објавен во Религија.мк од јули 2023 година.
Во тој, а и во кој било друг текст објавен на Религија.мк, нема никави елементи од кривичното дело за кое тој мене ме обвинува. Нема ниту елементи на клевета, или навреда. Но, и да се почувствувал навреден, или наклеветен, Григориј можел да поднесе граѓанска тужба за клевета, или навреда. Но, не! Тој во обид да избега од соочување на суд, се обидува да ја втурне државата, таа мене да ме гони кривично за пишан збор, а тој удобно од манстирските одаи да го чека денот кога јас ќе треба да заминам зад решетки, за да тој извојува победа над критичкото новинарство, какво што јас користам за неговата јавна работа во МПЦ-ОА.
На барање од Обвинителството, јас вчера бев повикан да кажам што мислам за таквата пријава. Тоа го сторив во присуство на правен застапник и во договор и координација со Здружението на новинари на Македонија, каде случајот е пријавен и од каде добив правен совет.
Таму, кај обвинител, кажав што и како мислам за овој потег на владиката Григориј и очекувам институциите да си ја завршат својата работа.
Но, сега сакам да ја запознаам јавноста за мотивите поради кои тоа го прави Григориј.
Владиката Григориј е претставник на раководната структурна на МПЦ-ОА, член на Синодот и неговата работа спаѓа во доменот на професии од јавен интерес. МПЦ-ОА е најголемата верска организација во Македонија, уставно третирана, со исклучително важно место во општеството чиј домен на делување е регулиран со закони и Устав и институција со висока одговорност во општеството, особено општество во кое верските чувства се сензитивна категорија на граѓаните. МПЦ-ОА не е приватна организација, туку јавна. И предмет на интерес на јавноста е нејзиното функционирање, нејзиниот капацитет на одговорност, нејзината улога во општеството и тој домен на јавен интерес е еден од предметите на интерес на новинарската професија. Јас, религија.мк, или кој било друг новинар, или медиум, имаме општествена одговорност да ја следиме, анализираме и критикуваме работата на МПЦ-ОА, нејзините јавни претставници, како и секоја верска институција, која има капацитет да предизвикува можни конфликти во општеството. Некои медиуми тоа го прават повремено, некои помалку, некои повеќе. Религија.мк тоа го прави секојдневно, затоа што е специјализиран и единствен медиуми од тој профил во државата.
Владиците на МПЦ-ОА треба да знаат дека критичкото новинарство не е никаква ксенофобија, ниту расизам, ниту шовинизам, ниту говор на омраза. А исто така треба да знаат и дека информациите на интернет порталите не се ширење на криминал по компјутерски пат, туку новинарство. Добро е еднаш за секогаш да научат дека тоа што со прст ќе посочат кон некого, или вака и слично ќе се обидат да вршат прогон, нема да го замолчат новинарството да пишува за нивните скандали.
Во текстот за којшто Григориј бара мене државата да ме гони за ксенофобија, јас критички пишувам за неговата улога во МПЦ-ОА, неговите релации до Руската православна црква, како и за мал дел од неговата историја во МПЦ-ОА. Мој домен на интерес не е што тој прави во неговата спална соба во манастирот, туку како тој раководи со една од епархиите на МПЦ-ОА.
Ако мојот критички збор за улогата на Руската православна црква во светот, како продолжена рака на воената политика на Путин е ксенофобија, дали тоа значи дека целиот свет е ксенофобичен? Кои се мотивите на Григориј пак да подига постапки против мене и да штити некаква наводна ксенофобија кон Русија? Што е тој владика на МПЦ, или на РПЦ?
Ако владиката Григориј не знае, да му посочам дека Македонија е членка на НАТО, а Русија ја вброи во списокот на непријателски земји. Рускиот патријарх е на црната листа на Европската Унија и под истрага за поддршка на воените злосторства во Украина. И ако јас со моите пишувања предупредувам на опасноста од руски влијание во Македонија преку МПЦ-ОА, поради овие и вакви околности, тоа не може да биде ксенофобија, туку моја општествена одговорност како новинар во едно демократско општество. Ксенофобија може да биде третирано во Белорусија или во Северна Кореја.
Ако јас треба да одговарам за ксенофобија, затоа што сум напишал дека „рускиот јарем ја влече МПЦ-ОА во пропаст“, тогаш зошто Григориј не поднесе кривична против државата за ксенoфобија, која му забрани влез на Васијан Змеев и протера уште десетина руски дипломати од државата, кои ја имаа улогата да ја контролираат работата на МПЦ-ОА?
Мене ми е сосема јасно што Григориј го погодило в срце во тој текст. Но, тоа што тој ќе покрене лажна кривична пријава против мене нема да го смени фактот дека тој со одлука и потпис на Архиепископот Стефан беше разрешен од позицијата Секретар во Скопската Епархија за финансиски малверзации. Тоа решение е објавено во Службен весник на МПЦ-ОА, а причината сите во МПЦ-ОА ја знаат.
Тоа што тој се обидува, сокривајќи се зад државата од мене да направи крималец, нема да го смени фактот дека неговиот избор за владика е спорен, согласно Уставот на МПЦ-ОА.
И, навистина нема никаква потреба дополнително да образложувам и анализирам, колку е ступидна и лажна пријавата на Григориј против мене за пишан збор, бидејќи тој е јавен, видлив и подлежен на јавна критика. Како што јас ги трпам јавните навреди и линчови против мене од неговите инструирани протагонисти на социјалните медиуми, така може и тој.
Но, сепак мотивот на неговата кривична пријава против мене е сосема јасен. Таа има за цел да предизвика заплашување, страв, уцена, притисок и јавна осуда, а со тоа и самоцензура во моите пишувања во иднина.
Бидејќи јас сум новинар, поединец во ова општество, а Григориј е владика и претставник на најголемата верска заедница во државата, општествено третирана со авторитет, а честопати политичките и општествените претставници на неа и на него, или сличните на него, обележани со мантија, гледаат како на некаков надавторитет. Знаејќи ги влијанијата на таквите како него во политичките кругови во државата, реално согледувајќи ги состојбите, решив и овој пат да ги известам сите значајни фактори во државата, домашни и странски, со цел да побарам заштита, за себе и за правото да пишувам слободно и критички со аргументи.
За овој случај веќе е известено Здружението на новинари на Македонија, од каде ја добив првата поддршка, а преку ЗНМ ќе побарам известување на сите европски и светски новинарски здруженија. За притисоците со кои се соочува религија.мк, повторно ќе ја известам Американската амбасада во Скопје, амбасадата на ЕУ, ОБСЕ, Советот на Европа и сите релевантни меѓународни институции.
Ќе го известам и Синодот на МПЦ-ОА, како и останатите помесни православни цркви.
Религија.мк ќе продолжи да постои, како и досега. Ќе продолжи да биде критичар на негативностите кај верските заедници и поддржувач на општествената одговорност на истите. Постоењето на религија.мк е да шири меѓуверска толеранција и почит, во општества како македонското, и нема никогаш да се согласи со нечиј став да биде обвинувана за ширење ксенофобија, шовинизам, расизам или верска омраза. Религија.мк за овие осум години постоење доби голем број признанија токму поради поддршката на верската толеранција, иако токму истите, псевдозилоти, кои сега ја обвинуваат за ксенофобија, тогаш ја обвинуваа за екуменизам …
А, некој кој се почувстувал навреден, наклеветен, го има граѓанскиот суд, каде за каква било тужба јас ќе се соочам со одговорноста, ако сум ја направил.
Пишува: Марјан Николовски, главен уредник (религија.мк)


Vladikata Grigorije ne e pitomec na crkvata, ne e učen bogoslov, tuku e sobran od ulica i postaven vo vrvot na crkvata. Negovata dejnost podlega vo edina kompetntnost i kontrola na Sv. Sinod na MPC, a ne na nekoj si samozvani laik koj se pretstavuva kako novinar, a vsušnost e lažen novinar, Marjan Nikovski.
Г-дине Николовски Вие ја кажувате вистината за состојбите во МПЦ-ОА а таа не им одговара на таквите владици како наведениот кои се ставени ни во служба на СПЦ и следствено на тоа на РПЦ. Со таквиот однос на некои црковни лица во МПЦ-ОА остите ја држат во заложништво на СПЦ(Србија) и РПЦ(Русија) нашата црква и православните христијански верници но и државата РС Македонија во целост.
Г-дине Николовски Вие ја кажувате вистината за состојбите во МПЦ-ОА а таа не им одговара на таквите владици како наведениот кои се ставени во служба на СПЦ и следствено на тоа на РПЦ. Со таквиот однос на некои црковни лица во МПЦ-ОА истите ја држат во заложништво на СПЦ(Србија) и РПЦ(Русија) нашата црква и православните христијански верници но и државата РС Македонија во целост.
Иако граѓанските судови не ми се омилен начин за расчистување на вакви ситуации, има мошне реални шанси при објективна проценка на фактите дебело да го изгубите спорот. Дури и ова жалопојно обраќање до јавноста прилично го квалификува сајтот како продолжена рака на странски служби чија кауза е дисквалификација до конечно уништување на рускиот културно-цивилизациски комплекс, во случајов со акцент на православното вековно и современо наследство на ‘Света Русија’, идиом чија содржина и значење останаа до денес недостапни за вашето интелектуално и духовно рамниште, што доведе до искривување на сите толкувања на консеквентните информации кои се обидовте да ги презентирате во своите анализи. Можеби некои припадници на новинарската фела и немаат капацитет да го согледаат недвосмислениот идентитет на современиот фашизам (или им е поисплатливо да манифестираат транспарентна приврзаност кон западниот mainstream, прикривајќи го својот вазалски активизам со некаков новокомпониран патриотизам во вештачките НАТО рамки на резонирање), но активниот христијанин е доволно духовно вооружен со дар на јасно согледување на нештата за да ги види стапиците на современиот хуманизам под стапалките на Црквата во движење. За Владиката Григориј Руската Православна Црква е еден жив, исклучително значаен и габаритен центар на Православието, а не некаков фалсификат или агресивно-милитантен фактор, како што редовно се обидуваат да ја претстават пропагандните мислители на спротивната кауза. Постојаните настојувања да се оцрни едно толкаво Тело Христово бездруго предизвикуваат болка во искрените богољубиви срца на нашите христијани. Сепак, тие знаат дека овие искушенија само ќе ја разубават и ќе ја воздигнат духовната сила на рускиот православен народ, кој еднодушно се сплоти во одбрана на својата Татковина и Црква и во Русија и во Украина. Инаку, не гледам дека имате некаков успех во креирањето на јавното мислење на таа тема: секој православен верник во Македонија е апсолутно свесен за севкупниот геополитички мозаик и во Православната Икумена и на рамништето на граѓанските општества. Ниту може Господ некој да го прелаже ниту Неговите искрени следбеници се обѕираат на нечии пропаганди и завери. Русија победува.
Namerata i baranje pricina na ovakvi kvazi novinari koi obrabotuvaat za tugji interesi protiv drzavata i narodot vo Makedonija, nesto sto i samiot go potvrduva so – За овој случај веќе е известено Здружението на новинари на Македонија, од каде ја добив првата поддршка, а преку ЗНМ ќе побарам известување на сите европски и светски новинарски здруженија. За притисоците со кои се соочува религија.мк, повторно ќе ја известам Американската амбасада во Скопје, амбасадата на ЕУ, ОБСЕ, Советот на Европа и сите релевантни меѓународни институции.
Ќе го известам и Синодот на МПЦ-ОА, како и останатите помесни православни цркви.
Koj e pa ovoj da ne cinkarosi koga nekoj mu pokaze kade mu e mestoto?
I ne brisi komentari.
Македонец не смее така да размислува. Руската црква е политичка организација, како што се за жал повеќето православни цркви, и секоја подршка на РПЦ е погубна за Македонија. Ако Русија, повикувајки се на историско право ја покори Украина, тогаш широко е отворена и вратата на бугарските шовинисти да не малтретираат до бескрај. МПЦ мора да ги брани своите интереси, а не руските.
Руската Православна Црква е Тело Христово, значи светотаински организам со полнота на мистични димензии, како и секоја жива Црква. Факт е дека бивствувањето на една Црква во овој свет и век неизбежно остава длабока трага и во геополитичкиот релјеф на планетата, без оглед дали и колку Црквата странствува и дали и колку се интересира за општествените политики, внатрешни, меѓународни итн. Едно поколение на црковни подвижници може да е со понагласена самосвест за овие дарови на Црквата, значи и да го устројува својот подвиг земајќи ги предвид, други поколенија помалку итн. Но, тоа е проценка Божја, а не човечка, за неопходноста од тие механизми. Македонецот (во случајов еден македонски Владика) не може ни да го пренебрегне фактот дека Руската Православна Црква без никакви условувања ја призна автокефалноста на Македонската Православна Црква, со што пружи едно целосно сведоштво за својата неоптовареност од отровот на етнофилетизмот со којшто блокот грчки Цркви (меѓу кои за жал и Цариградската Патријаршија) ја условува нашата Света Црква за прифаќање на една искривена еклисиологија на ексклузивитето вид на неограничени права на Цариградската Патријаршија, непознати до почетокот на 20 век (пред реформите на Мелетиј Метаксакис во корист на грчката доминација во православната икумена по цена на неверојатни искривувања на вековната православна еклисиологија важечка за сите Помесни Цркви, значи за Еднат, Света, Соборна и Апостолска Црква (процеси длабоко поврзани и со страдањата на македонскиот народ во Егејска Македонија). Значи, денес во Православието не постои можност за одбрана на македонските црковни интереси без да се направи изборот според која еклисиологија нашата Помесна Православна Црква сака да живее и да се развива. Изборот значи и плодно богословско учество во современата дебата, или едноставно сведочење како прифаќање или одбивање на понудени решенија од главните играчи во големиот спор: Москва и Цариград. Се разбира, тим на посилни подвижници може да понуди и трето решение, но треба да се запомни дека Православието пред се’ е сведоштво, а не добитнички метод на филозофијата ‘и јаре и паре’.
Najdobro e ovoj kontraverzen novinar Marjan vladicite na MPC, a i na site crkvi, da go primat za vrhoven sovetnik, a i papata rimski toa da go napravi i ništo da ne rabotat bez nego da go prašat. Se vidi, nema što, čovekot džvrkaš od pamet. Ne se znae što toj jade što e tolku pameten za crkveni te raboti. Vo se se razbira kako Marica što se razbira la vo…. kriva stvar. Mnogu e pameten čovekot. Od kaj se najde tolku pameten novinar noviinar vo Severna Makedonija tolku da se razbira vo crkveni te raboti, demek nešto ne viden. Aškosum.
Поради поделеност на владиците на МПЦ-ОА , новинар застане на страна на некој владика и критикува друг, и тогаш сее добива расправија меѓу новинар и владика или епархија.Кога не би се работеле работите позади грб ,еден владика на друг владика, од МПЦ-ОА, и има транспарентност и братска љубов не ќе е ова.
Заради поединечната поделеност која потекнува од општа поделеност на светот,Америка-Русија, ќе дојдеме до проевропски и проруски владици и влијанија.Никој не спори за големината на РПЦ.Никој не спори за негативноо влијание на западната цивилизација која е конзумирачка , никако православна.Мислам целта е да опстанеш во тоа современо општество и под тоа подразбирам да опстанеш како православен.Нема компромиси во православието.Цел е да бидеш православен во прозападна цивилизација .Со сите технологии ,ккои го нагрдуваат човечкото достоинство.Кога би се воспоставил ред и во таа сфера ,која од конретен уред преминува во духовно доживување , обичниот човек ќе нема зашто да се определува , бидејќи ќе се знае авторитетот и лидерот.