Нови манипулации од СПЦ: Српските владици ги лажат православните цркви дека МПЦ не сака разговори

Date:

Share post:

Српската православна црква веќе подолго време пред останатите православни цркви тврдела дека таа покренала иницијатива за возобновување на разговорите со МПЦ и дека дури испратила и писмо со посочување и датум кога треба да почната разговорите, но дека МПЦ е таа која тоа го игнорира.

Оваа информација, од неоформални извори за време на одржувањето на последниот масјки собор на СПЦ, стаса и до редакцијата на „Религија.мк“. Обидот да се добие каква било официјална потврда од Патријаршијата во Белград, или копија од тоа писмо беше безуспешен. Во МПЦ пак минатата недела неофицијално ја демантираа таквата информација.

timotej 2Дневниот весник „Дневник“ денеска објавува официјален став на Портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Владиката Тимотеј, кој открива дека за ваква информација, дека наводно СПЦ иницира, а МПЦ одбива дијалог, добил и од некои од владиците на другите помесни православни цркви кои се интересирале зошто МПЦ одбива разговори. Владиката Тимотеј е категоричен дека ова е класична манипулација на СПЦ и дека досега до МПЦ не стасало никакво писмо.

-Вакво нешто неодамна ми кажа еден достоинственик на една православна црква, чиј идентитет не сакам да го откријам. Приказната што им ја кажале српските владици е дека тие веќе ни испратиле писмо во кое се искажува нивната подготвеност за преговорите кои веќе досега требаше да се случат. Им кажуваат дека во писмото навеле точен датум кога би требало да се случи првата средба на делегациите и составот на нивниот тим. Но, кажуваат и тоа дека на тоа нивно писмо нема никаков одговор од наша страна. Излегува како да ние не сме заинтересирани за никакви разговори. Одговорно тврдам дека не сме добиле никакво писмо од СПЦ и дека е манипулација да се тврди дека ни пратиле такво нешто, вели г. Тимотеј во изјавата за „Дневник“.

Тој тврди дека МПЦ нема никаква потреба да крие дали стасало или не некакво писмо од СПЦ.

-Ако некој смета дека јас не ја зборувам вистината, тогаш на другите православни цркви нека им го покажe писмото ако тоа навистина е испратено до нас. Очигледно, целта е товарот на вината да се префрли на нас бидејќи другите цркви веќе се прашуваат што е со обновувањето на преговорите кои биле најавени во периодот кога Јован Вранишкоски беше ослободен од затворската казна, вели Тимотеј.

Инаку во соопштението на СПЦ од последниот Собор, кој заврши минатата недела, немаше ниту збор за евентуалниот почнување на разговорите со МПЦ. Архиереите на СПЦ, само констатирале дека во Македонија продолжува прогонот на Јовановата ПОА.

1 COMMENT

  1. Za neveruvanje e deka SPC saka poveće da razgovara so MPC. Za nea crkovnoto prašanje vo Makedonija e zatvoreno. Tamu ima srpski egzarh i kraj “priče”.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...