Науката потврди: Одењето во црква му годи на психо-емоционалниот мир

Date:

Share post:

Научниците од медицинскиот колеџ Алберт Ајнштајн од САД, тврдат дека одењето во црква секоја недела го намалува ризикот од смрт.

Научниците направиле истражување во коешто ја проучиле здравствената состојба и начинот на живот кај повеќе од 92 илјади луѓе од различни религиозни конфесии.

EINSTEINPriceCenter-BlockPavilion1_resizeСпоред резултатите на експериментот, тие што доволно често оделе во Црква го намалиле ризикот од смрт за 20 %. Но тој факт воопшто не влијаел на степенот на подложноста на болест.

За утврдување на влијанието на религиозноста врз смртноста и подложноста на болести, научниците ги зеле в предвид факторите на религиозната припадност, интензитетот на посетувањето на религиозните богослужби и здравствената состојба на испитуваните. Научниците сметаат дека одењето во црква го подобрува психо-емоционалниот мир, а може да го подобри и квалитетот на животот.

 

 

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img