Надбискупот на Краков ја нарече ЛГБТ заедницата ,,чума во боја на виножитото”

Date:

Share post:

Католичкиот надбискуп на Краков во проповед по повод 75 годишнината од Варшавското востание ја осуди ,,чумата во боја на виножитото” , која ,,е закана за душата, срцата и умовите” на Полјаците.

Полска е средиште на напад на конзервативните кругови врз она што се нарекува ,,ЛГБТ или родова идеологија” , која наводно е закана за традиционалниот модел на семејство и води кон сексуализација на децата.

,,Црвената чума (комунизмот) веќе не ни се заканува , но се појави нова чума , неомарксистичка, која сака да ги зароби нашите души , срца и умови. Таа чума не е црвена, туку во боја на виножитото.” рече надбискупот Марек Јадрашевски.

Во Полска ставовите на црквата ги споделуваат и политичарите , чии хомофобни пораки се пренесуваа низ земјата во пресрет ан европските избори.

Како резултат на тоа , учесниците на парадата на гордоста во градот Бјалисток , беа нападнати од групи на ултранационалисти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here