Почетна Вести Европа Холандија забрани носење бурки и никаб на јавни места
Холандија забрани носење бурки и никаб на јавни места

Холандија забрани носење бурки и никаб на јавни места

69
0

Од 1 август  во Холандија стапи во сила закон со кој се забранува да се носи облека која го прекрива лицето, како што се бурки и нихаб и тоа во јавниот сообраќај, владините згради, здравствените и образовните институции, објавија новинските агенции. Холандија, која долго се смета за бастион на толеранцијата и верските слободи, е последна во низата европски земји кои воведоа таква забрана, пренесе „АП“. Пред Холандија, ваков закон беше донесен во Франција, Германија, Белгија, Австрија и Данска.

Муслиманските групи за човекови права се спротивставија на законот чиешто официјално име е „делумна забрана за облека која го прикрива лицето“. Исламската политичка партија од Ротердам најави дека ќе плати казна од 150 евра за секој кој ќе биде фатен дека го прекршил законот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *