МПЦ-ОА се надева дека нема да има влошување на комуникацијата и односите со Вселенската патријаршија, по одлуката да воспостави канонско единство со Православната црква на Америја, откако оваа црковна ерархија донесе таква одлука. Ваков став за дневниот весник Вечер, соопштил анинимен извор од Синодот на МПЦ-ОА. Како што објавува Вечер, нивни црковни извори во Синодот им соопштиле дека многу работи ќе бидат појасни откако ќе се одржи заедничка служба во Вашингтон.
– Тоа треба да се одржи во блиска иднина, околу тоа во комуникација се кабинетите на поглаварите. Чинот на сослужување ќе значи дека од наша страна се признава канонскиот статус на ПЦА, нејзиното постоење како црква. Но, одлуката дали ќе ѝ го признаеме автокефалниот статус ќе биде донесена по тоа, по информирањето на нашиот Синод, кој ќе се произнесе околу тоа. Тогаш и ќе се прецизираат финесите во нашите меѓусебни односи. Инаку, од наша страна не беше побарано посредување на српскиот патријарх, Порфириј, изјавил за дневниот весник Вечер, изворт од од Синодот.
Индиректно од оваа изјава може да се протолкува дека МПЦ-ОА не била информирана за потегот на Српскиот патријарх Порфириј, бидејќи изворот за Вечер Прес вели дека од страна на МПЦ-ОА не било барано посредништво, што значи дека Порфириј сам ја иницирал идејата МПЦ-ОА и ПЦА да воспостават каноснки, а подоцна и односи на меѓусебно признавање на автокефалностите.
Инаку според истиот извор на Вечер, во МПЦ-ОА очекуваат дека реакцијата на Вселенската патријаршија нема да биде остра и нема да предизвика поставување нов услов за добивање томос од Цариград.
– Сега не би можеле да коментираме околу ова и неблагодарно е да се шпекулира. Сите работи ќе бидат разјаснети по службата во Вашингтон. Тогаш и ќе се знае ставот на Вселенската патријаршија, а и ние ќе ги градиме нашите позиции. Инаку, минатата година претставници на ПЦА беа примени во Вселенската патријаршија и имаа средба со вселенскиот патријарх. Таа средба, според соопштението, била срдечна и конструктивна. Освен ова, претставниците на ПЦА членуваат во Советот на православни епископи на САД, во кој е и Вселенската патријаршија. Значи, односите и комуникацијата меѓу нив постојат и тоа е индикативно, изјавил извор од Синодот на МПЦ-ОА за дневниот весник Вечер.
Православната црква на Америка, пред два дена соопшти дека донела одлука за признавање на МПЦ-ОА, како канонски, така и административно со статус на автокефална црква. Иако ја именува како МПЦ-ОА; сепак во одлуката ПЦА го именува Поглаварот на МПЦ-ОА со титулатат Архиепископ на Охрид.
Признавањето на автокефалниот статус на Македонската Православна Црква од страна на Американската Православна Црква (колку и небитна некому во моментов да изгледа Таа пред робусниот геополитички набилдан “авторитет” на Цариградската Патријаршија) е од клучна канонска важност за мисијата на која било Помесна Црква во дијаспората. Таа останува не само единствен природен пандан на вештачкиот примат на Цариградската Патријаршија во Америка, туку е и Нејзин преемник во христијанската православна мисија во Новите земји, дејствува на американскиот континент од 1794 г. (како епархија основана на Аљаска од осум руски православни монаси на тогашната руска територија на дел од северно-американскиот континент). Ако кажеме дека сите православни мешовите парохии во Америка до третата деценија на 20 век беа воспоставени и раководени токму од оваа Митрополија на Руската Православна Црква која доживеа свој раст, процвет и плоден развој, на којашто подоцна според природниот тек на нештата И’ беше доделен автокефален статус и соодветното, канонски принадлежно име, како да го оспориме нејзиниот углед и легитимитет? За атер на Цариградскиот Патријарх ли? Со оглед дека во Својата комплексна структура таа Помесна Црква со статус на Митрополија своевремено имаше Грчка православна духовна мисија под раководство на грчки архимандрит, дека Таа ги опслужуваше потребите на православните во дијаспората со сесрдно внимание и грижливост (исто како што денес во Грција некои парохии со бројна руска емиграција имаат руски свештеници, се градат црковни храмови во руски стил, се организираат поклоненија на мошти од руски Светители итн. заради искрената пастирска грижа на некои митрополити на Грчката Православна Црква), сето тоа говори дека упадот на Мелетиј Метаксакис во мисијата на таа Митрополија, денес самостојната/автокефална Американска Православна Црква, своевремено би го споредиле со хипотетички сегашен руски црковен упад во Грција на пример, каде што руската емиграција е прилично бројна. Ако Американската Архиепископија на Цариградската Патријаршија се’ уште ги ужива директната финансиска и политичка поддршка на US Department of State, ако од упадот на Мелетиј Метаксакис во канонската јурисдикција на Руската Православна Црква во Америка (извршена со благослов на Цариградскиот Патријарх Герман V) наваму секој Цариградски Патријарх се избира и востоличува со непосредна одлука, и избор на американските властодршци – прашање е колку и што добила или изгубила самата Цариградска Патријаршија со тој прочуен маневар и колку и како навистина може да го носи толку посакуваниот епитет ‘Вселенска’. Честа и автентичноста на Православието во Америка се’ уште ги чува токму постоењето на автокефалната Американска Православна Црква, која никогаш и не можела да биде игнорирана од која било Помесна Црква во дијаспората. Таа е фигуративно кажано Адамовото ребро од кое е создадена денешната Американска Архиепископија на Цариградската Патријаршија. Со огромна љубов кон сеединството на целото Православие во текот на Својата историја Таа дури и се воздржуваше да го афирмира Својот автокефален статус, зашто Нејзините пастири и теолози претпочитаа да не внесуваат немир кај православните клирици од различни етнички заедници на другите Помесни Цркви или во нивните евхаристиски заедници. Дали е значајно и вредно признанието што Таа И’ го доделила на Македонската Православна Црква? Без оглед на сите наведени инсинуирани можни стапици (кои впрочем тешко дека постојат!) тоа е чин од непроценлива вредност. Вие постојано велите дека српските архиереи го нарекуваат Архиепископот Стефан само Архиепископ Охридски, и дека останатите Помесни Цркви што ја признале автокефалноста на Македонската Православна Црква или стапиле во канонско и евхаристиско единство со Неа го именуваат Архиепископ Охридски исто така. Но, заборавате дека Цариградскиот Патријарх нема никаква намера дури ни Црквата да ни ја нарече со Нејзиното целосно вистинско име, Македонска Православна Црква (го признава само историското име Охридска Архиепископија). Значи, според вас се стекнува впечаток дека рускиот блок Цркви се во заговор со грчкиот блок за закинување на полното достоинство на Македонската Православна Црква преку именувањето на Нејзиниот Поглавар? Тоа е контрадикторно тврдење, се разбира, но и јасно е дека и при евентуални искушенија од таков тип автокефалноста се сведочи и со самосвојно чување на сопствениот идентитет со флексибилност која не може да навлезе во нарушување на личната и колективна самобитност. Ако Патријархот Порфириј сака да ја подвласти Македонската Православна Црква преку именувањето на Нејзиниот Поглавар со непотполно еклисиолошко име, тогаш зошто би се трудел да бара признавање на Нејзината авокефалност од страна на други Помесни Цркви? Во секој случај самоодрекување од сопствените придобивки за да се чуваат интересите на Цариградската Патријаршија ширум светот со надеж за придобивање на некаква Нејзина поголема наклоност или од страв да не се изгубат таа половична поддршка и да се седи во ќоше во очекување да се примат Нејзините два-три жешки шамари како што очигледно препорачува авторот на горе предложената анализа е бескрајно смешна позиција, која можеби во новинарството е практика, но на црковната врхушка на една древна Православна Црква како што е Македонската ниту И’ прилега ниту И’ е потребно. Носителите на Светлината нема зошто да се плашат од делата на темнината.