Георгиј: Се слушнавме со Партениј, наскоро ќе се видиме

Date:

Share post:

Новиот Дебарско-кичевски митрополит Георгиј најавува соработка со епископот Антаниски Партениј, во своето прво интервју по интронизацијата за државната агенција МИА. Георгиј вели дека веќе разговарале со Партениј и дека наскоро ќе се видат, искажувајќи благодарност за честитките од Бигорскиот манастир за неговиот избор за митрополит.

-Епископот антаниски Партениј е мој собрат во Христа, кому му благодарам за неговите честитки по повод синодската одлука за избор на митрополит, како и за неговото присуство, заедно со дел од неговото братство, за време на епископската хиротонија и интронизација. Ние, се разбира, се слушнавме, а наскоро и ќе се видиме, вели митрополитот Дебарско-кичевски, во интервјуто за МИА.

Во истото интервју, Георгиј коментира неколку актуелни општетствени теми, како што е имотите на верските заедници, по неодамнешното медиунско истражување на оваа тема насловено, „Верски имоти под лупа“, посочувајќи дека имотот на Црквата е заеднички народен имот на нејзините верници од даренија во минатото и денес.

Тоа што го има, колку што го има е дополнителен показател за запазувањето и грижливоста на Црквата кон она што е заедничко и покрај многуте искушенија и тешкотии, за разлика од негрижата, продажбата и разнебитувањето на многу заеднички имоти, јавни претпријатија и општествени поседи на македонските граѓани во изминатите децении.

Од друга страна оданочувањето на Црквата како правен субјект, сметам дека е сложено прашање, првенствено поради комплексниот даночен систем во кој постојат различни видови на даноци во даночната политика на државата, но и спецификата на Црквата како правен субјект, за кој практично се неапликативни одреден вид на даноци.

Во таа насока најзначајно е да постои јасна и системски издржана правна рамка во однос на даночната основа, како и даночните ослободувања за верските субјекти. Еднаш донесен во инклузивна постапка и низ дијалог Законот, треба да се применува и не треба да биде предмет на чести измени и дополнувања кои предвидуваат дијаметрално спротивни решенија, што на крај секако резултира со низа недоследности. Црквата и сега плаќа различен вид даноци, а како и за сè друго негува конструктивен приод, вели во интервјуто Георгиј.

Митрополитот Георгиј ги коментира и последните најави за измени на законото за средно образование, со кои на верските училишта им се овозможува начин за признавање на дипломите.

-Средното богословско училиште е основано уште во 1967 година во еден посебен систем со карактеристично уредување, кога религијата е потисната од државата. Денес велиме дека живееме во слободно демократско општество, но сè почести и позасилени се обидите за ограничување и маргинализирање на верскиот израз, па и во однос на регулирањето на статусот на училиштето, прашање коешто неоправдано е оставено нерешено повеќе од една деценија.

Токму затоа загрижуваат тенденциозните обиди за неоправдани ограничувања во однос на новиот закон. На пример, за мене е сосема неразбирливо како Мрежата за заштита од дискриминација е против изедначувања на правата на учениците во верските училишта, иако тоа веќе јасно е одамна предвидено во Законот за верските заедници каде стои дека „верските образовни установи се изедначени со другите образовни установи и нивните ученици и студенти ги имаат истите права и обврски“. Односно, кого ќе го заштитиме од дискриминација со тоа што ќе ги дискриминираме овие ученици? Зарем не треба да погледнеме како тоа го имаат решено и другите секуларни европски држави? На пример, во европските, но нам блиски земји, Романија и Бугарија, секуларниот принцип не попречил средните богословски училишта да бидат целосно интегрирани во државниот образовен систем, вели новиот Митрополит на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...