МПЦ во Лондон: Синодот и Владиката Пимен да не молчат за нападот врз Отец Виктор

Date:

Share post:

Црковните општини на  МПЦО Св.Архангел Михаил во Лондон и Св Ѓорѓи Победоносец – Литлхамптон, бараат надлежните органи во Македонија да го расчистат случајот со нападот врз свештеникот Виктор Стојчев. Истовремено бараат, надлежниот архиереј, Владиката Пимен да се огласи за настанот, а воедно Синодот на МПЦ да побара заштита за своето свештенство од бруталните напади врз него.

Црковните општини на МПЦ во Лондон, случајот ќе го пријават и во британската полиција и ќе бараат заштита за Отец Виктор, кој воедно е и британски државјанин.

Во продолжение целосниот текст на соопштението:

Почитувани

На празникот Рождество Христово – Божиќ, кога од оправдани причини нашиот свештеник беше оневозможен да биде со сите нас, се случи брутален физички напад врз семејството на нашиот почитуван свештеник. Заштитувајќи ги сопствените деца и сопруга беше нападнат од разбеснета група и притоа му се нанесени тешки телесни повреди и скршеници.

mpc-londonОд проследените докази и изјавите на очевидците како и на надлежните полициски и медицински лица, ние црковниот одбор од на МПЦО Св. Архангел Михаил го осудуваме овој нецивилизирани и вандалски напад на нашиот свештеник и ја даваме нашата целосна поддршка нему и неговото прекрасно семејство.

Апелираме до надлежните органи во Р. Македонија во најкраток можен рок да ги преземат сите мерки за да се казнат сторителите на овој гнасен чин.

Повикуваме на смирение и воздржаност од секакви конфронтации со поддржувачите на силеџиите како и на целосна лојалност кон нашиот свештеник и мајката Македонска православна Црква.

Црковниот одбор и другите здруженија на Македонците во Обединетото Кралство ќе ги известат надлежните во Foreign Office и полицијата во Лондон за нападот врз отец Виктор кој е Британски граѓанин со што ќе бараме да влијаат на целосно расветлување на случајот и заштита на неговите човекови права.

Го повикуваме синодот на МПЦ да се огласи со соопштение и да го заштити својот клирик од грозоморните и тенденциозни изјави по социјалните мрежи и медиумите со кои се оправдуваат нападите на свештенството.

Конечно веруваме дека и надлежниот митрополит на Европска Епархија ќе даде соопштение и духовно го поддржи своето духовно чедо.

Отец Виктор, нека Бог биде со вас и вашето семејство и со сите нас во овие тешки моменти и нека ни даде сила и истрајност. Вие сте голем човек и сите членови од црковната општина ви посакуваат што поскоро опоравување.

Црковните одбори:
Св. Архангел Михаил и сите Свети Ангели- Лондон
и
Св. Ѓоргија Победоносец – Литлхамптон

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Бугарскиот патријарх по стапките на Кирил и Порфириј – сака да заузда секакво критичко мислење во Црквата

Бугарскиот патријарх Даниил почна да ги користи методите на српската и на Руската православна црква, со цел да...

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...