Монасите од Света Гора му откажуваат послушност на Вартоломеј

Date:

Share post:

Вселенскиот патријарх Вартоломеј се соочува со сериозен отпор од дел од монасите на Света Гора. Руските медиуми тврдат дека повеќе од 50 монашки ќелии веќе не го споменуваат Цариградскиот патријарх за време на богослужбите.

Покрај критиките за документите од Критскиот Собор, монасите на Света Гора се огорчени поради екуменистичките позиции што ги застапува Вартоломеј. Руските медиуми пишуваат дека чашата ја прелеала најавата на Патријархот Вартоломеј дека на 25 април оваа година ќе го посети регионот Тезе во Франција и каде ќе учествува во заедничка молитва во име на помирувањето. Инаку оваа црковна општина во Франција е една од најпознатите екуменистички центри.

Веста што предизвика револт кај антиекуменистичките движења во православието ја објави грчкиот портал „Ромфеа“. Во нејзе пишува дека  Вартоломеј ќе прими учество во екуменистичката молитва на општината Тезе во црквата на Помирувањето, која ќе се одржи во присуство на братски општини и претставници од различни христијански конфесии и младински организации. По завршувањето на молитвата, Патријархот Вартоломеј ќе одржи говор .

Света Гора е под духовна  јурисдикција на Цариград. Еден манастир пред извесно време веќе прекина  да го спомнува Вселенскиот Патријарх на службите, а според најавите на пат тоа го сторат се уште два манастири.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here