Мироточи икона на Богородица во црква осветена со мошти од МПЦ

Date:

Share post:

Икона на Пресвета Богородица, која се наоѓа во храмот „Свети Јован Владимир“ во Бар Црна Гора почнала да мироточи.

Иконата веќе извесно време мироточела по малку, а од пред два дена интензитетот е зголемен, а за овој настан има фотографиите кои кружат на социјалните мрежи.

Храмот „Свети Јован Владимир“ во Бар е најголемата соборна црква во Црна Гора, а трет по големина православен храм во светот.  За неговото осветување МПЦ-ОА, подари честици од моштите на Свети Јован Владимир, кои се чуваат во Охрид. По барање на митрополитот на СПЦ, Амфилохије, Синодот на МПЦ-ОА во 2016 година позитивно одговори, а моштите лично ги однесе митрополитот Тимотеј.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here