Почетна Вести Христијанство Уште една заборавена православна Божикна песна ќе се пее годинава

Уште една заборавена православна Божикна песна ќе се пее годинава

492
0

Здружението „Бадникови поворки“ подготвува нова обработка на една од древните православни песни кои го најавуваат Христовото Раѓање кои што некогаш се пееле на ова поднебје, а денес се згаснати и останале само во сеќавањето на повозрасните граѓани.

„Христос се роди денес“ е насловот на овогодишната каланда односно божикна песна која потекнува од некогашна Смирна. Станува збор за стара песна од православна традиција, која повозрасните граѓани ја пееле на ден Бадник во попладневните часови. Најпрво децата од рано наутро со песната „Вечниот Бог“ или „Дева денес“ оделе од куќа на куќа и го најавувале Христовото Раѓање, за попладне тоа да го направат возрасните, токму со оваа песна „Христос се роди денес“.

Од втората половина на 20-тиот век, традицијата на пеење на оваа песна, згаснува, за оваа година, на иницијатива на отец Партениј од Бигорскиот манастир, одново да се врати.

Довербата да ја овековечат во студио, им припадна на Вера Милошевска од Љубојна и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“, како вистински чувари на нашата традиција.

– За мене, оваа е втора година по ред, како сум дел од Бадниковите поворки, и втора година како заедно со целиот мој православен народ, свечено и достоинствено, низ цела манифестација на настани, се подготвуваме да го празнуваме Христовото Раѓање – Божик. Особено сум почестена што токму јас како бренд на Љубојна и една поголема група прекрасни луѓе од традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, го добивме благословот на отец Партениј од манастирот Св.Јован Бигорски, со чија што љубов и посебно чувство на естетика, се сплотивме и ја возобновивме оваа четврта каланда или коледарска песна која ќе остане за навек, а носи наслов „Христос се роди денес“ – вели Вера Милошевска – „Љубојна“.

– Оваа песна е со византиски происход. Тоа може да се забележи од раскошниот и специфичен начин на изведба. Ние како наследници на богатата византиска традиција, треба да се гордееме што имаме вакво богатство во наследство – додава аранжерот Владимир Димовски. – Лично посакувам, како што децата со голема радост и свечен тон ја пеат „Вечниот Бог“, така возрасните повторно да почнат да ја пеат „Христос се роди денес“ – изјавува Тимко Чичаковски, како еден од учесниците во проектот.

Во очекување на спотот за песната кој што воедно ќе биде и овогодишната божикна честитка, погледнете ексклузивни снимки од снимањето на песната во студио, како и изјави на дел од учесниците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *