Билјана Плавшиќ, поранешната претседателка на Република Српска, во своето прво интервју по излегувањето од затворот на Меѓународниот трибунал за воени злосторства во Хаг, раскажа шокантни работи за однесувањето на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ.
Плавшиќ раскажува како Милошевиќ секојдневно ја шутирал Библијата во својата ќелија.
-Може ли да замислите. Милошевиќ ја газеше и шутираше Библијата во ќелијата во Хаг. Еден ден минувајќи покрај неговата соба го прашав чистачот каква е таа книгата на подот, а тој ми рече: Библијата”, раскажува Плавшиќ во интервјуто за “Њусвик”.
Таа сведочи и за однесувањето на Шешељ и за Караџиќ.

