Почетна Вера ИВЗ почна подготовки за аџилак, 3.900 долари комплетен аранжман
ИВЗ почна подготовки за аџилак, 3.900 долари комплетен аранжман

ИВЗ почна подготовки за аџилак, 3.900 долари комплетен аранжман

71
0

Риајсетот на Исламската Верска Заедница ги почна подготовките за организација на аџилакот за оваа година. ИВЗ, соопштува дека врз на член 36 точка 17 од уставот на ИВЗ, како секогаш и оваа година организира патување за спроведување на Петтиот исламски шарт – Хаџот.

Цената на еден аранжман за Хаџ со авион чини 3.900 долари УСА. Во цената влегуваат, излезна виза, административните процедури за земање на хаџиската виза,  вакцина и здравствена заштита, пред и после патувањето согласно законите за здравствена заштита, авиобилетите како и транспортот во Саудиска Арабија и светите места, сместување во Хотелите во Мекка и во Медина како и престојот во чадори во Арафат и Мина. Исто така во аранжманот е и хана (во текот на престој во хотелите), Ихрам и Курбан, сите хаџиски такси во земјава и во С. Арабија.

Според организацискиот протокол на ИВЗ прво ќе се оди во Мекка а по тоа во Медина. Патувањата се планирани за 24 – 26. Август  2017 година, а враќањето е од 11 – 13. септември 2017 година.

ИВЗ ги задолжила сите муфтиства да ги почнат процедурите за регистрација на заинтересираните кандидати, а тие рокови оваа година ќе биде многу порано во споредба со претходните години.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *