Меѓународна научна конференција „Манастирот Слепче во пост-византиската уметност на Балканот во XVI и XVII век”

Date:

Share post:

Манастирот „Св.Јован Крстител“ во демирхисарското село Слепче во пресрет на раѓањето на својот свет заштитник и патрон од денеска до 14 јули ширум ќе ги отвори вратите на манастирот не само за православните верници кои во голем број, од сите страни на Македонија ќе дојдат со вера да му се помолат на Светителот, туку и за бројните научници од земјата и регионот за кои како древен духовен, културен и уметнички центар на Балканот, тој е непресушен извор и инспирација за бројни истражувања.

Од манастирот информираат дека во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар денеска ќе почне Втората меѓународна научна конференција на тема „Манастирот Слепче во пост-византиската уметност на​​​​ Балканот во XVI и XVII век” на која со свои научни прилози ќе настапат 17 учесници од Македонија, Србија и Бугарија, реномирани истражувачи на средновековната уметност на Балканот, живописот, словенските ракописи, старопечатени книги и архитектурата од времето на Османлискиот период.

Конференцијата ја организираат манастирот „Св. Јован Претеча“ – Слепче, општината Демир Хисар и Истражувачкиот центар за културно наследство при МАНУ кои продолжуваат со заложбите научно да се продлабочуваат сознанијата за манастирот Слепче, неговата историја, архитектура, уметност (фрескоживопис, иконопис и применета уметност) но и пошироко, историјата и културно-уметничкото наследство на Демирхисарско.

Од утре до 14 јули во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар, Смилево и регионот на Демирхисарско ќе се одржи и Демирхисарската летна школа насловена „Манастирот Слепче – духовен, културен и уметнички центар”.

Во рамки на школата предавања ќе имаат и академик Ѓорги Поп-Атанасов (Научно-истражувачката дејност на академик Владимир Мошин во проучување на ракописите од Слепченската книжевна школа), како и професорите од Бугарија, Елисавета Мусакова и Румјана Дечева.

Учесниците на школата ќе имаат можност низ теренските предавања да посетат повеќе археолошки локалитети, средновековни цркви и манастири, како и најзначајните места од Илинденскиот период, Смилево, Бабино, Велмевци, Вардино и Крушево.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...