Манастирскиот комплекс Калишта има чудесна моќ, благослов за идните мајки

Date:

Share post:

Манастирски комплекс во Калишта го сочинуваат четири светилишта, две пештерски цркви посветени на Богородица и Атанасиј Велики и уште две цркви едната посветена на мајката Божја другата на светите апостоли Петар и Павле.

kalista crkvaЗа чудата на манастирот се слуша надалеку. Овде е една од највредните икони во земјава, единствена на Балканот Чудотворната икона – Богородица во црно, пронајдена во малата пештерска црква. Се верува дека мајката божја исцелува од сите неизлечиви болести но и ги дарува оние кои не можат да имаат деца, сведочи домаќинот Наќе Парталов кој веќе десет години живее во манастирот, пренесе Канал 5.

-Луѓе односно жени кои што немале дечиња молејќи се на пресвета Богородица стануваат мајки, а и многу од мајките доаѓајќи со своите веќе поголеми деца доаѓаат и потврдуваат дека да не беше Пресвета Богородица можеби ќе го немав ова детенце што оди сега, вели тој.

Континуирано сме врзани со манастирот и како деца континуирано сме доаѓале. Една од историските реткости посебно за нашиот крај мислам дека има многу посетители, служба. Отсекогаш познат по примерност во смисла на хигиена, вели еден стружанец.

Во манастирскиот двор се наоѓа Чинарот од времето на Цар Самоил, стар 700 години. Духовноста на светилиштето , верувањето во исцелителноста и благословот на Мајката Божја е вистинска магија и причина за многуте венчавки и крштевки во манастирот.

Целата сторија погледнете ја на Канал 5.

1 COMMENT

  1. Би ве замолиле ако можете овде на овој медиум повремено да ни прикажувате фотографии од литургиите во овој манастирски комплекс, преку фотографии да ја видиме убавината а кога ке бидеме во можност да отидеме таму ке ја почувствуваме и благодатта .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...