Почетна Вести АТИНСКИОТ АРХИЕПИСКОП: Не можете да договорите Собор, а да не отидете на него
АТИНСКИОТ АРХИЕПИСКОП: Не можете да договорите Собор, а да не отидете на него

АТИНСКИОТ АРХИЕПИСКОП: Не можете да договорите Собор, а да не отидете на него

175
2

Поглаварот на Грчката православна црква, Атинскиот Архиепископ Јероним е зачуден од односот на одредени поглавари на Православните цркви, кои решија во поселеден момент да го откажат учеството на Сеправославниот собор на Крит.

Grcka crkva sinodВо изјава за грчките медиуми, Јероним оценил дека станува збор за несериозност, но дека Соборот на Крит ќе се одржи и без нив..

-Не разбирам! Се прашувам, како откако сите заедно решивме дека ќе има Собор, како после тоа некој кажува дека нема да дојде? Но, секој сам си е одговорен да прави како што сака. Од друга страна, Соборот не е Сеправославне, се нарекува „Свет и Голем Собор“, па според тоа кои и да бидеме таму ќе го одржиме Соборот, изјавил Архиепископот Јероним.

Грчките медиуми потенцираат дека Грчката црква исто така има сериозни несогласувања со Константинополската патријаршија, пред се поради назначувањето егзархија во Атина, но и поради статусот на т.н. „нови земји“ во Северна Грција (тоа се епархиите на некогашната Охридска Архиепископија во Егејскиот дел на МАкедонија н.з.), но Атинскиот архиепископ никогаш не си дозволил ова да го потенцира како причина Грчката црква да го повлече решението за учество на Соборот.

-Грчките митрополити имаа сериозен богословски дијалог за предложените текстови, имаат и свои предлози за промена и за утврдување, кои ќе ги достават според предвидениот Правилник за работата на Соборот, изјавил Јероним.

/РЕЛИГИЈА.МК

Коментар(2)

  1. Џабе ќе се одржи ако се оржи, а и не е штета ако се не одржи. Во шамбези е договорено пред некоја година дека одлуките на оваквите форуми кои сеод ржуваат по иницијатива на било која верска заедница, немаат обрзителен карактер за никого во однос на нанкого. И никој не е крав ако не дојде , ниту пак некој ќе му се налиту ако отиде . Тие форуми имаат цал како она пос ситемот, на српски јазик многу бобро се римува—трала баба лан да јој проѓе дан и ништо друго.

  2. Чавка на чавка не си ги вади очите, Грк на грк исто така, па блаениот архиепископ Јероним, ако е толку праведен зошто не отиде во Шамбези, туку остави писмо во кое кажува зошто не оди, а сега за да го одбрани вселенскиот патријарх ги критикува другите патријарси. се работи за политика, а не за некои канони. Истото го прават и со МПЦ, кога се работи за да добие Автокефалија и се препишува етнофилетизам и сите се здружуваат и Грците и Србите па и Русите дека МПЦ не може да добие автокефалност, каноните тоа не го дозволувале, само незнам кои канони ги имаат тие, но и таму политиката се меша бидејки на “милите” сестри заради нивната желба да ја распарчат Македонија не им одовара МПЦ да биде автокефална. Бог да ни прости на сите, на Страшниот суд Бог нема да не праша колку сме ги пазеле каноните туку колку сме покажале љубов и милосрдие, колку сме имале љубов кон Бога и кон нашиот ближен.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *