Почетна Документи Интегрален текст од најоспоруваниот документ за Сеправославниот собор
Интегрален текст од најоспоруваниот документ за Сеправославниот собор

Интегрален текст од најоспоруваниот документ за Сеправославниот собор

443
0

dokument 1Односите на Православната црква со останатиот христијански свет е една од точките кои што на последната подготвителна седница на Поглаварите од автокефалните цркви во јануари во Женева беа усвоени и потпишани од помесните православни цркви.

Текстовите на седумте точки од дневниот ред на Сеправославниот собор потоа беа разгледувани од секоја од помесните православни цркви поединечно. Анализи правеа и голем број на еминентни теолози.

Од сите точки најоспорувана се најде токму оваа, која се однесува на комуникацијата на Православна црква во останатиот христијански свет, со многу забелешки, но и обвинувања дека таа точка е неприфатлива и дека е потребна сериозна интервенција во нејзе.

Што всушност пишува во точката за односите на Православната црква со останатиот христијански свет. Светските теолози велат дека во ниту еден параграф од овој текст нема отстапување од она што е древност во учењето на Православната црква и од тука оспорувањето на текстот го сметаат како прашање кое има друга позадина.

Интегрален текст

1.Православната црква, која е една, света, соборна и апостолска Црква, во своето длабоко црковно самосознание цврсто верува дека зазема доминантна позиција во делото за промовирање на единството на Христијаните во современиот свет.

2.Православната црква е темелена единството на Црквата врз фактот на нејзиното формирање од нашиот Господ Исус Христос и врз заедништвото во Светата Троица и таинственоста. Ова единство се изразува преку апостолското преемство и традицијата на светите отци и се доживува во неа до денес. Православната Црква има мисија и обврска да ја предава и да ја проповеда целата вистина содржана во Светото Писмо и во Светото Предание, која на Црквата и го дава нејзиниот сеопшт (Вселенски) карактер.

3.Одговорноста на Православната Црква за единството, како и нејзината вселенска мисија биле изразени од Вселенските Собори. Тие особено ја истакнале постоечката и нераскинлива врска меѓу правата вера и заедничарењето во Светите Тајни.

4.Православната црква, непрестајно молејќи се “за единството на сите”, секогаш го поддржувала дијалогот со одвоените од нејзе, блиски и далечни, и дури и предничела во современото барање на патишта и начини за враќање на единството на верниците во Христа, учествувала во екуменското движење од неговото појавување и придонела за неговото формирање и понатамошен развој. Покрај тоа Православната Црква благодарение, на тоа што ја одликува вселенски и човекољубив дух, кој според Божјата заповед се моли “да се спасат сите луѓе и да дојдат до познавање на вистината”, секогаш се борела за обновување на христијанското единство. Затоа православното учество во движењето за обнова на единството на Христијаните воопшто не е туѓо на природата и историјата на Православната Црква, туку претставува последователен израз на апостолската вера и традиција во новите историски услови.

5.Современите билатерални богословски дијалози на Православната Црква, како и нејзиното учество во екуменското движење се базираат на таа нејзина православна самосвест и на нејзиниот вселенски дух и имаат за цел да го побараат изгубеното христијанско единство врз основа на верата и традицијата на древната Црква на седумте Вселенски собор.

6.Според онтолошка природа на Црквата нејзиното единство не може да биде нарушено. Православната црква го признава историското постоење на други христијански цркви и конфесии, кои не се во општење со нејзе, но и верува дека нејзините односи со нив треба да се базираат на што е можно побрзо и објективно разјаснување од нивна страна на целото еклезиологично прашање и особено на нивното основно учење за таинствата, благодатта, свештенството и апостолското преемство. Така таа е благонаклонета и позитивно настроена како богословски, така и од пастирски причини за богословски дијалог со различните христијански цркви и конфесии и за учество воопшто во современото екуменското движење со верувањето дека преку дијалогот дава силно сведоштво за полнотата на Христовата вистина и за своите духовни богатства на оние кои се надвор од неа, со објективната цел да го подготви патот кој води кон единство.

6.Во гореспоменатиот дух сите помесни свети православни цркви активно учествуваат денес во официјалните богословски дијалози, а поголемиот дел од нив и во различни национални, регионални и меѓународни христијански организации и покрај длабоката криза во екуменското движење. Оваа разновидна активност на Православната Црква извира од чувството на одговорност и од верувањето дека меѓусебното разбирање, соработка и заедничките напори за обновување на христијанското единство се суштински, “за да не предизвикаме некои пречки на Христовото Евангелие.

7.Се разбира, Православната Црква, кога води дијалог со другите христијани, не ги игнорира тешкотиите на тој потфат, но ги сфаќа по патот на општото разбирање на преданието на древната Црква и со надеж дека Светиот Дух, Кој  ја комбинира целата институција на Црквата” (стих на Вечерна на Педесетница), “ќе го исполни недостижното” (молитва при ракополагање). Во таа смисла Православната црква во односите со останатиот христијански свет не се потпира единствено на човечките сили на тековните дијалозите, но пред се се надева првенствено на надзорот на Светиот Дух преку благодатта на Господ, Кој се молеше “да бидат сите едно”.

8.Современите билатерални богословски дијалози, објавени од сеправославените советувања, изразуваат едногласна одлука на сите помесни свети православни цркви кои имаат обврска активно и постојано да учествуваат во нивното спроведување, за да не го попречуваат едногласното сведоштво на Православието за прославување на Троичниот Бог. Во случај ако некоја помесна црква одлучи да не одреди свои претставници во некој дијалог или за некоја седницата на некој дијалог, ако тоа решение не е сеправославено, дијалогот продолжува. Пред започнувањето на дијалогот или на соодветната седница, за отсуството на некоја помесна Црква неопходно треба да се дискутира на православната комисија за дијалогот за да се изрази солидарноста и единството на Православната Црква.

8.Проблемите кои се јавуваат при одржувањето на богословските расправи во мешаните богословски комисии не секогаш се доволна причина за едностраното отповикување на нејзините претставници или за конечното прекинување на учеството на одредена помесна православна црква. Повлекувањето на некоја православна црква од дијалогот по правило треба да се избегнува, додека не се вложат потребните меѓуправославни напори за обнова на репрезентативната целина на православната богословска комисија во тој дијалог. Ако некоја помесна Црква, или некои православни цркви, одбиваат да учествуваат на состаноците на мешаната богословска комисија на даден дијалог, повикувајќи се на сериозни еклезиологични, канонски, пастирски или од морално природа основи, оваа црква или цркви писмено за тоа го известуваат Вселенскиот патријарх и сите православни цркви според сеправославен норми. Во текот на сеправославен дискусија Вселенскиот патријарх бара согласност од останатите православни цркви за тоа како да се пристапи понатаму, вклучувајќи и за нова проценка на напредокот на конкретниот богословски дијалог, откако едногласно ќе се оцени за потребно.

9.Посебна методологија при спроведување на богословските дијалози има за цел решавање на традиционалните или потенцијални ново појавени разлики и барање заеднички елементи на христијанската вера. Оваа методологија претпоставува соодветно информирање на извршувањето на Црквата во врска со разните фази од развојот на дијалозите. Во случај на не можност да се надмине дадена богословска разлика, богословскиот дијалог може да продолжи, истакнувајќи го утврденото несогласување по конкретниот предмет на богословската разлика, а тоа несогласување се пријавува на сите помесни православни цркви за потребните на понатамошни дејства.

10.Разбирливо е дека при спроведувањето на богословските дијалози заедничката цел за сите е конечното враќање на единството во правата вера и љубов. Но сепак постоечките богословски и еклезиологични разлики овозможуваат некое степенување на новите потешкотии при постигнувањето на сеправославено поставената цел. Различната природа на проблемите на секој билатерален дијалог претпоставува промена на применетата на методологијата, но не и промена на целта, бидејќи целта е единствена во сите дијалози.

11.Во сето неопходно е во случај на потреба да се вложат напори за усогласување на работата на различните меѓуправославни богословски комисии, уште повеќе што и во текот на овие дијалози треба да се открие и да се пројавува постојното нераскинливо суштинско единство на Православната Црква.

12.Затворањето на еден официјално објавен богословски дијалог се случува со завршувањето на работата на соодветната мешана богословска комисија, при што претседателот на меѓуправославната комисија поднесува извештај до Вселенскиот патријарх, кој во согласност со поглаварите на помесните Православни Цркви најавува завршувањето на дијалогот. Никој дијалог не се смета за завршен пред да се прогласи за завршен преку таков сеправославен став.

13.Во случај работата на еден богословски дијалог да заврши успешно, сеправославената одлука за обновување на црковното општење треба да се базира на едногласен став на сите помесни православни цркви.

14.Еден од главните органи во историјата на екуменското движење е Светскиот совет на црквите (ССЦ). Некои православни цркви се негови основачкиот членови, а потоа сите помесни православни цркви станаа негови членови. ССЦ е едно севкупно формирано меѓухристијанско тело, иако тоа не ги опфаќа сите христијански цркви и конфесии. Паралелно со него постојат и други меѓу христијански организации и регионални органи како Конференцијата на европските цркви (КЕЦ) и Советот на црквите на Блискиот Исток (СЦБИ). Тие заедно со ССЦ вршат важна мисија за промовирање на единство на христијанскиот свет. Православните цркви на Грузија и Бугарија се повлекоа од Светскиот совет на црквите: првата во 1997 година, а втората во 1998 година, откако имаа особено мислење за работата на Светскиот совет на црквите и затоа не учествуваат во активностите организирани од него и од други меѓу христијански органи.

15.Православните помесни цркви, членови на ССЦ, заземаат целосно и рамноправно учество во организацијата на Светскиот совет на црквите и придонесуваат со сите расположливи средства за сведоштвото на вистината и за подобрувањето на единството на Христијаните. Православната црква со задоволство ја усвои одлуката на ССЦ да одговори на нејзината молба за формирање на специјална комисија за православното учество во ССЦ во согласност со препораката на меѓу православната средба во Солун (1998 година). Утврдените од специјалната комисија критериуми кои беа предложени од православните и прифатени од ССЦ, доведоа до создавање на постојана комисија за соработка и консензус, беа потврдени и вклучени во статутот и во Правилникот за работата на ССЦ.

16.Православната црква, верна на својата еклисиологија, на своето внатрешно уредување и на учењето на древната Црква на седумте Вселенски собор, иако учествува во организацијата на ССЦ, на никаков начин не ја прифаќа идејата за “еднаквост на вероисповедите” и во никој случај не може да прифати единство на Црквата како некаков компромис меѓу вероисповедите. И во таа смисла единството што се бара во ССЦ, не може да биде плод само на богословски спогодби, туку  и на единството на верата, кое се чува и живее во таинствата во Православната Црква.

17.Православните цркви-членки како неопходен предуслов за учество во ССЦ го сметаат основниот член на неговиот статут, според кој негови членови можат да бидат само цркви и конфесии кои го признаваат Господ Исус Христос како Бог и Спасител според Писмата и исповедаат на Бога во Троица: Отецот, Синот и Светиот Дух според Никео-Цариградскиот Символ на верата. Тие се длабоко убедени дека еклезиологичните предуслови на Декларацијата од Торонто (1950 година), насловена “Црквата, црквите и Светскиот совет на црквите”, е од фундаментално значење за православното учество во ССЦ. За тоа се разбира само по себе дека ССЦ не е и во никој случај не е дозволено да стане над-црква. “Цел на Светскиот совет на црквите не е да договара обединувња меѓу црквите, нешто што може да се случи само од црквите кои дејствуваат по сопствена иницијатива, туку да ги доведе црквите до жив контакт помеѓу нив и да се промовира истражување и дискутирање на прашањата за христијанското единство”.

18.Перспективите на богословските дијалози на Православната Црква со другите христијански цркви и конфесии се одредуваат секогаш врз основа на канонските критериуми на веќе создадената црковна традиција (7 правило на Вториот Вселенски собор и 95 правило на Петтата-шестиот Вселенски собор).

19.Православната црква сака да се поддржи работата на комисијата “Верата и устројството” и со особен интерес го следи нејзиниот богословски придонес досега. Ги оценува како полезни издадените од нејзе богословски текстови со значителна соработка и на православни теолози, кои претставуваат важен чекор во екуменското движење за приближување на црквите. Сепак Православната Црква го задржува особено мислење за основни прашања на верата и црковното уредување.

20.Православната Црква го смета за осуда секое разбивање на единството на Црквата од поединци или групи, под изговор дека го задржуваат или божем го заштитуваат чистото Православие. Како што сведочи целиот живот на Православната Црква, зачувувањето на чистата православна вера се обезбедува единствено од соборниот систем кој од памтивек во Црквата претставува надлежен и висок судија по прашањата на верата.

21.Православната Црква има општа свест за потребата од меѓу христијанскиот богословски дијалог, за тоа и смета дека е потребно тој секогаш да биде придружуван од сведоштво во светот преку делата на меѓусебно разбирање и љубов, кои ја изразуваат “неискажаната радост” на Евангелието, како се исклучува секоја акција на прозелитизам или други предизвикувачки активности на верски антагонизам. Во овој дух Православната Црква смета дека е важно сите христијани, инспирирани од општите основни принципи на нашата вера, да се потрудат да дадат еден добронамерен и соодветен одговор, на најконтроверзните прашања преку кои современиот свет не провоцира, одговор заснован врз идеалниот модел на новиот човек во Христос.

22.Православната црква го сфаќа фактот дека движењето за обнова на единството на Христијаните прифаќа нови форми, за да одговори на новите услови и да ги исполни новите предизвици на современиот свет. Потребно е да се продолжи сведоштвото на Православната Црква во поделениот христијански свет врз основа на апостолското предание и својата вера.

23.Се молиме Христијаните заедно да се потруди, па да се приближи денот кога Господ ќе ја исполни надежта на православните цркви и “ќе биде едно стадо и еден Пастир”.

Шамбези, 15 октомври 2015 година

Религија.мк, се извинува за евентуалните пропусти во преводот на текстот

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *