Македонците во Албанија го прославија Свети Јован Владимир, гости беа архимандритите Доситеј и Кирил од Бигорски

Date:

Share post:

Во селото Шиjон, во Елбасан беше прославњн денот на Сввети Јован Владимир. Секоја година на 3 – 4 јуни православните верници од Албанија, Македонија, и Македонци од Албанија се собираат за да ја прослават оваа прослава во манастирот со името на светецот Свети Јован Владимир.

Меѓу множеството собрани молитвеници, со благослов на епископот Антаниски Партениј, беа и архимандритите Доситеј и Кирил, монахот Филип, како и сестрите Екатерина и Христина од Рајчица.

Албанската православна автокефална црква Сввети Јован Владимир го празнува на 4. јуни секоја година и православните верници од Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија и целиот регион се собираат на прослава во манастирот каде го чествуваат името на светецот.

Со Литургијата чиноначалствуваше Архиепископот на Тирана и цела Албанија, Јован. По Литургијата, се изврши торжествена литија околу светиот храм, со кивотот на моштите на Свети Јован Владимир, во чие носење ушествуваа и Доситеј и Кирил. Албанскиот архиепископ имал и официјален прием за делегацијата на МПЦ-ОА.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...