Монасите од Бигорски го одбележаа Соборот на Архангел Гаврил во древниот Долнодримколски Манастир, кој по иницијатива на епископот Антаниски Партениј, минатата година беше исчистен од обрастнатите реастенија, откако 80 години претходно беше оставен во заборав.
Остатоците од некогашниот манстир повторно станува прибежиште за сите оние што бараат духовна обнова.
-Така и оваа година, сплотени во молитвен дух, благочестиви верници дојдоа на ова свето место, за заедно со братството на Бигорскиот манастир да го побараат застапништвото од својот небесен благовестител, кој и денес нè потсетува благовестејќи за големата Божја милост и за можноста за обновување на секоја човечка душа преку преобразителната сила на верата. А најголема радост се излеа во срцата на годинешните кумови, сопружниците Томе и Наде Пееви, кои во чест на Архангелот подготвија коливо што беше осветено и разделено на присутните верни. Нека овој манастир, по молитвите на Светиот Архангел Гавриил, прерасне во место каде што верните ќе ја наоѓаат Божјата благодат, зацврстувајќи ја својата духовна врска со Него и продолжувајќи ја традицијата на нашите предци, велат од Бигорски.
Значи, во начелото на верата пред се е вистината. Зошто да се шири лага без потреба?
По фотографиите се гледа дека има минимален број на луѓе, односно 10 тина.
Плус објавувате фотографии од минатата година (со тенди и зелени покривачи) и од оваа година (без тенди и покривачи).
Зошто? Известете нормално и како што било. Нема никаков проблем.
Зависност ли е? Што ли е?