Грчки владици организира летен камп за украински деца погодени од војната

Date:

Share post:

Митрополијата на Китрос, Катерини и Платамона организира двонеделен летен камп за деца од Украина, како дел од својата пастирска и хуманитарна мисија. Кампот започна на 23 јули во селото Своронос, на три километри од градот Катерини, и ќе трае петнаесет дена.

Во кампот се згрижени деца од најпогодените региони во Украина, кои заедно со своите мајки добиваат можност да поминат мигови на одмор и безгрижност во безбедна и пријателска средина, соопштуваат од митрополијата.

Гостите за време на престојот посетуваат верски и археолошки локалитети, знаменитости на планината Олимп, крајбрежни области и културно-историски места, а исто така учествуваат и во бројни забавни и едукативни активности.

„Оваа иницијатива е дел од солидарноста и поддршката што нашата црква ѝ ја нуди на населението што страда, особено на децата кои преживеале трауми поради војната“, изјавија организаторите.

На 26 јули, децата и нивните придружници беа пречекани од митрополитот Георгиј, кој им посака добредојде и изрази поддршка. Присутните му се заблагодарија за топлиот прием и грижата што им се укажува во овој тежок период.

Иницијативи од ваков вид се реализираат и од страна на други грчки митрополии, кои во текот на летните месеци организираат кампови специјално наменети за украински деца погодени од војната.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...