Литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ во Струга

Date:

Share post:

На раскошно украсени епитафи и со традиционалните торжества, моштите на „Свети Георгиј Победоносец“, чудотворната икона на светецот и Крнинската икона на Богородица, повторно ја осветиа Струга.

Традиционално, на 7 мај, моштите и чудотворните икони носени од угледни граѓани, предводени од локалното свештенство и братството и сестринството од Бигорски, манастирите во Рајчица и Пречиста, по вечерната служба тргнаа од храмот „Свети Георгиј“ и поминуваат низ струшките улици, покрај кејот на реката Црн Дрим, низ Чаршијата придружувани од голем број верници.

И годинава поворката ја води церемонијално полициско возило, кое на симболичен начин ќе го одбележи чествувањето на свети великомаченик Георгиј, како покровител на полициските и безбедносни сили. Меѓу возилото и литијата дефилира коњаник, облечен во римска трибунска воена облека, изработена од автентични материјали, којашто е верна копија на оригиналните воени оклопи од тоа време, дело на познат италијански експерт за историјата на древната Римска империја. Коњаникот, кој во раката држи палмова гранка како симбол на мирот, има улога на посебен редар и најавувач на процесијата.

На чело на Еордијата е член од Бигорското братство со клепало, потоа носачи на крстови, рипиди, знамиња, псалти и братството на Бигорскиот манастир, оркестарот на Град Скопје, чудотворните икони на Свети Георгиј Победоносец и Пресвета Богородица – Крнинска, сестринствата од манастирите во Рајчица и Пречиста, свештенството на Дебарско-кичевската епархија, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и епископот Антаниски г. Партениј, и најпосле, најголемата светиња – моштите на светецот во раскошно украсен епитаф.

Моштите и овој пат се носени од четворица видни граѓани, придружувани и чувани од четворица капетани од сејменската гарда на Бигорскиот манастир, облечени во традиционална мијачка носија, со сејменски ќостек на градите, на којшто е претставен ликот на Свети Јован Крстител. Зад сердарите оди сејменската гарда, чии членови, исто така, се облечени во традиционални мијачки носии, со ќостек на градите со ликот на Свети Георгиј Победоносец.

Овој ден за стружани, според нивниот сограѓанин Марко, кој е и дел од сејменската гарда, претставува радост, среќа и сплотеност не само за Струга,  туку и за регионот и за цела Македонија.

– Многу ми е мило што сум тука и што ја носам оваа Мијалка носија, што сум дел од Мијачката гарда, вели Марко.

Верничка, учесничка на литијата, вели дека посакува секој Македонец, секој христијанин да биде дел од овој ден кога Свети Георгиј чекори по струшките улици.

Сестра Ефимија од женскиот манастир Рајчица вели дека пораката за Христовото воскресение, за Христовата победа над сите состојби, кои од дамнина го измачуваат човештвото, како што може да се види во Струга се уште е многу свежа и силна.

– Ова торжество што се случува денеска тука  културолошки најавтентично ја изразува традицијата, духот  и идентитетот на нашата православна црква и на нашата држава пред целиот свет е едно од најбогатите сведоштва за таа победа. Силно посакувам оваа пасхална радост, оваа убавина да биде перманентен израз на македонскиот народ, порачува сестра Ефимија.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...