Верски календар: 25 Август
КАТОЛИЧКА ЦРКВА/ Св. Људевит.
Бил роден во 1215 година во Франција. На 22-годишна возраст станал крал на Франција. Кога се оженил имал 11 синови кои добро ги воспитувал. Се одликувал со дух на покор и молитва, како и голема љубов кон сиромашните. За време на управувањето со кралството настојувал да ја шири Божјата слава меѓу народите. Секој ден одел на света Миса. Свети Људевит во Франција спроведувал праведни закони. Умрел во 1270 година.