Почетна Вести ДНЕВНИК: Нови ветрови од СПЦ? Амфилохие го нарекува Стефан „Блажењејши Архиепископ Охридски и Македонски“
ДНЕВНИК: Нови ветрови од СПЦ? Амфилохие го нарекува Стефан „Блажењејши Архиепископ Охридски и Македонски“

ДНЕВНИК: Нови ветрови од СПЦ? Амфилохие го нарекува Стефан „Блажењејши Архиепископ Охридски и Македонски“

1.95K
5

Српскиот владика Амфилохие, кој е голем противник на македонска црковна автокефалност, го ословил поглаварот на МПЦ г.г. Стефан со неговата полна титула – архиепископ охридски и македонски, во писмо испратено до Синодот на МПЦ, пишува дневниот весник „Дневник“.

dnevnik slikaВакво обраќање се случило деновиве во писмото што Црногорско-приморскиот митрополит на СПЦ го испратил до Синодот на Македонската православна црква, во кое бара да му биде отстапено мало парче од моштите на свети Јован Владимир, кои се чуваат во охридската црква „Свети Никола“.

Како што ексклузивно неодамна објави „Религија.мк“ Амфилохие најави дека од македонските владици ќе побара да се согласат да дадат дел од моштите на светителот кој бил зет на царот Самуил за да ја зголеми свеченоста по повод осветувањето на големата црква која ќе му биде посветена во црногорскиот град Бар на 25 септември.

Во писмото, овој српски митрополит замолува да биде дозволено давање мало парче од моштите, кое потоа би било донесено во овој црногорски град каде што свети Јован Владимир посебно се чествува. На ова писмо му претходел и телефонски разговор меѓу Владиката Амфилохије и Митрополитот Тимотеј.

Коментар(5)

  1. golem pozz = DUSAVA MI TREPERI I SE RADUVA OD VAKVI VESTI=PRETPOSTAVUVAM DEKA GOSPOD SEVISNIOT I SEMOKNIOT I NASITE PRETHODNI SVETI MAKEDONSKI VLADICI PREKU USTATA BOZJA PORACALEMDO NEGOVOTO BLAZENSTVO G-DIN G-DIN STEFAN I NEGPOVOTO VISOKO PRAVOSVESTENSTVO G-DIN ANFILOHIE DA USLISAAT I SE POKORAT NA BOZJATA ZAPOVEST I VISTINA DEKA MAKEDONSKATA PRAVOSLAVNA CRKVA =OHRIDSKA ARHIEPISKOPIJA KAKO MAJKA NA SITE PRAVOSLAVNI HRISTIJANSKI CRKVI PPOSTOI I E SEGA PRETSTAVENA OD NASIOT SVET SINOD KOJ GO PRETSTAVUVA NASIOT ARHIEPISKOP G-DIN G-DIN STEFAN=GOSPOD DA E SO SITE NAS I SO SITE VAS VOZLUBENI PRAVOSLAVNI HRISTIJANI=AMIN=

  2. „…Не им верувајте на Данајците, ниту кога дарови носат…“ (Хомер – Илијада и Одисеја)

  3. Убаво што го нарекува сега Блаженејши, ама прво Амфилохиј нека му се извини на Блаженејшиот Стефан бидејќи тој беше најголем учесник во создавањето на паралелна црква во нашата напатена татковина и го прогласи Архиепископот Стефан за расколник па сега Блаженејши… Дај Боже да има покајание ама не е за верување

  4. Овде се работи за Светите мошти … а Светите мошти се Самиот Светител … оставете ја политиката … само Господ можи нешто да признае и да утврди … се што е од Господ Бог неможи да биди од човек … а политиканти секогаш има и ке има … кога се разговара за вера, треба да се разговара со вера … па ке видиме … се нека е под Господ и под Неговата волја …

  5. Многу добро и прецизно обраќање на митрополитот Амфилохије: …Архиепископ … Македонски.
    бидејќи Вранишковски не е македонски ами е српски владика (иако СПЦ не го хиротонисала) како што е претставен на критскиот собор. Српска Црква / Архиепископ Охридски и митрополит Скопски.
    И како е можно да е владика кога матичната црква МПЦ го расчинила?
    И како е можно да е важечка неговата хиротонија ако МПЦ не е Црква?
    Никако! Противречност до противречност.
    Македонски Архиепископ е Неговото Блаженство г.г. Стефан
    Српски за српскиот народ во Македонија е Вранишковски.
    Добро е да имаме за секој народ по еден Архиепископ ,
    но наш македонски кој е знаеме.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *