Казни за имамите што венчаваат малолетници во Германија

Date:

Share post:

Германското Министерство за внатрешни работи предлага казни од 1.000 евра за сите муслимански имами, кои ќе дадат дозвола за стапување во брак на деца, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според весникот „Ди Велт“, предлогот на министерот за внатрешни работи Томас Де Мезиер предвидува казни за имамите да се изрекуваат за секој брак склучен меѓу лица под 16-годишна возраст.

germanija-imamВладата во Берлин и предходно расправала за можна забрана за малолетнички бракови и за непризнавање на такви брачни заедници кои што се склучени во странство, но засега нема официјален став за оваа појава која стана масовна во псоледните години со зголемениот број на бегалци во Германија.

Сега малолетничките бракови се дел од агендата на специјална работна група во Министрството за правда која треба да понуди нова регулатива во оваа област.

Само летово во Германија биле склучени 361 брак меѓу деца под 14-годишна возраст со дополнителни 120 случаи на брак на деца меѓу 14 и 15 години старост.

Според германските закони за еден брак да биде правно валиден, венчаните треба да имаат најмалку 18 години, а потребан е посебна процедура и одобрение од суд за случаите каде еден од младоженците е меѓу 16 и 18 години старост.

Промената на законот бараат претставниците на двете најголеми германски партии, како и претставници на организациите за права на жените, затоа што најголем дел од жртвите на оваа традиција пренесена од Африка и Блискиот Исток се млади девојки кои присилно се венчаат со постари мажи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...