Како да стасате утре до Калишта за прославата на Мала Богородица?

Date:

Share post:

Посебен сообраќаен режим и меки на безбедност презема струшката полиција за утрешното прославувањето на верскиот празник Мала Богородица околу манастирскиот комплекс Калишта.

kalista-2Целта на целокупните превентивни активности е одржување на стабилна безбедносна состојба на подрачјето, елиминирање на можностите за вршење кражби и други казнени дела, за нарушување на јавниот ред и мир како и мерки за нормално одвивање на сообраќајот.

Со цел создавање услови за нормално и безбедно одвивање на сообраќајот, за време на одбележувањето на празникот ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќајот.

Ограничено ќе биде движењето на моторните возила по регионалниот пат Струга-Радожда, поточно, сообраќајот на оваа делница ќе се одвива еднонасочно во насока од Калишта према Струга. Истовремено, сообраќајот према Калишта ќе се одвива по магистралниот пат Струга-Ќафасан со користење на локалниот пат што од селото Франгово води кон хотелот „Изгрев“.

=Заради безбедно одвивање на предвидените организациски активности за достојна прослава на верскиот празник, апелираме на почитување на предвидениот сообраќаен режим и насоките на полициските службеници што ќе го обезбедуваат подрачјето, соопштуваат од полицијата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...