Почетна Вера Молебен за успешна академска година
19
18
17
16
15
14
13
12
11
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Молебен за успешна академска година

311
0

Во манастирската црква на свети Јован Крстител во Капиштец, Скопје, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и свештенослужители од Скопската православна епархија отслужиле молебен за новата академска година на Богословскиот факултет во Скопје.

На Литургијата присуствувал и Никола Јанкуловски ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, професорот Ѓоко Ѓорѓевски декан на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“, декани и продекани од УКИМ, како и студенти од богословскиот и други факултети.

По отслужената Литургија со Молебен судентите заедно со своите професори се помолија за призив на Светиот Дух и благословена нова академска година.

Од молитвата

„За да испрати на овие студенти дух на премудрост и разум, да им го отвори умот и устата, и да ги просвети нивните срца за усвојување на поуки и добрите науки, да се помолиме на Господа. За да всади во нивните срца никулец на премудрост, страв од Бога, и со него да ја отстрани од нивните срца младешката лекомисленост, да им го просвети умот, за да бегаат од злото и да прават добро, да се помолиме на Господа.“

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *