Извинување на католичката црква во Руанда заради улога во геноцид

Date:

Share post:

Римокатоличката црква во Руанда, упати извинување заради улогата на црквата во геноцид од 1994 година, наведувајќи дека жали заради постапките на оние кои учествувале во масакрите.

„Се извинуваме за сите неправди кои ги направила црквата. Се извинуваме во име на сите христијани за сите неправди кои ги сторивме. Жалиме што припадниците на црквата ја прекршија посветеноста кон божјите заповеди“, се наведува во соопштението од Бискупската конференција во Руанда кое е прочитано во сите жупании во земјата.

ruanda-1Соопштението претставува признание дека членовите на црквата планирале и извршиле геноцид во кој екстремните припадници на народот Хуту, убиле повеќе од 800.000 припадници на народот Тутси и свои умерени сонародници.

Во годините по геноцидот, локалниот Римокатолички клер се спротивставуваше на властите и преживеаните жртви, да ја признае вмешаноста на црквата во масакрите, наведувајќи дека оние кои ги извршувале злосторствата, тоа го правеле на своја рака.

Според тврдењата на очевидци, многу убиства извршиле лично свештениците чесни сестри, а властите тврдат дека многу жртви се убиени во црковните објекти во кои побарале заштита.

Соопштението на Бискупската конференција се толкува како позитивен сигнал на патот кон помирување на народите на Руанда.

Портпароллот на Римокатоличката црква во Руанда, бискупот Филип Рукамба, појасни дека соопштението било темпирано така да се поклопи со завршетокот на Светата година на милосрдие која поглаварот на католиците папата Франциск, ја прогласи со цел да го охрабри помирувањето и простувањето во црквата и светот.

Том Ндахиро, кој се бави со изучување на геноцидот во Руанда, изрази надеж дека соопштението на црквата ќе го охрабри единството меѓу жителите на Руанда.

„Среќен сум што видов дека бискупите, во своето соопштение се извинуваат што не биле во состојба да го спречат геноцидот“, изјави Ндахиро.

/ТВ.НОВА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Романскиот Патријарх: Вселенскиот Патријарх Вартоломеј I претставува силно сведоштво за единството на Православието

Во говор по повод осветувањето на надворешната фасада и мозаиците на Катедралата Народно Спасение во Букурешт, Даниел, Патријархот...

Орбан на средба со Папата

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на денешта приватна аудиенција во Ватикан побара од папата Лав Четиринаесетти да ги поддржи...

Скандинавските цркви во поддршка на Украина и правата на децата

Северноевропските црковни водачи упатија силен апел за враќање на украинските деца насилно однесени во Русија и одобрија финансиска...

Д-р Трајановски со план за Аеродром: чиста, безбедна и достоинствена општина

Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од СДСМ, ја претстави својата програма како план за „современа...