Поприлично охрабрувачки звучи делот од заедничката декларација, меѓу Папата Франциск и Патријархот Кирил, која се однесува на милениумскиот раскол во христијанската црква и потребата од негово надминување. Особено значаен момент во тој дел од декларацијата е „условната осуда“ на постапките кои довеле до расколот, оценувајќи ги како „разединување во разбирањето, како последица на човековите слабости и гревови“
Среќавајќи се далеко од контекстот на „стариот свет“, особено силно ја чувствуваме потребата од заедничка работа на Католиците и православните, кои се повикани на светот да му дадат образложение за надежта која е во нив. Наспроти заедничкото дејствување во првите десет векови, Католиците и Православните веќе речиси 1000 години се спречени од заедништво во евхаристијата. Поделени сме поради рана која не е произведена од судири, туку од разединување во разбирањето и истражувањето на нашата вера и Бог. Папата и Патријархот жалат поради загубата на единството на Црквата, нарекувајќи го тоа „последица на човековите слабости и гревови“, стои во заедничката декларација
Кирил и Франциск, сепак изразуваат надеж дека нивната средба ќе придонесе за повторно воспоставување „единство кое Бог го сакаше и за кое се молеше на Крстот“. Потенцираа дека е потребно „обединување на народите за да се сведочи Христовото евангелие и заедничкото наследство на Црквата од првиот милениум, одговарајќи заеднички на предизвиците на денешниот свет“.

