ИВЗ: Жителите на поплавените подрачја да соработуваат со АРМ и со државните служби

Date:

Share post:

Исламската верска заедница  во Република Македонија апелира жителите во поплавените подрачја да ја интензивираат соработката и да ги усогласат своите активности со сите релевантни државни структури, но и со невладините организации кои делуваат на тоа подрачје со цел да се санира што побргу состојбата на терен за да се избегне евентуална појава на епидемии и заразни болести.

ivzОд ИВЗ преку соопштение апелираат жителите на поплавените подрачја да соработуваат и со единиците на Армијата на РМ, како и со државните служби и да се приклучат во заедничките акции за чистење и дезинфектирање на се што е погодено од катастрофалните поплави.

– Потребно е да се издигнеме над евентуалните несогласувања и да мислиме на иднината на нашите деца. Тоа е најважната работа во моментот, истакнуваат од ИВЗ и посочуваат дека ќе бидат со жителите на поплавените подрачја се до целосното нормализирање на состојбата.

-Жителите на Хасанбег и околината кои што се соочија со една природна катастрофа и во таа прилика загубија членови на своите семејства и се што поседуваа, деновиве се подложени на опасноста од ширењето на епидемии кои што се карактеристични за состојбите после поплавите. Целата оваа ситуација директно влијае и на духовната, емоционалната и на физичката состојба на жителите на оваа населба и поради тоа е потребна нивната истрајност и меѓусебна соработка, како и со сите фактори што се ангажирани за надминување на проблемите во населбата. Над се, во оваа населба и околината има стотици деца кои што многу тешко ќе можат да се спротивстават на следното “цунами“ што може да надојде во форма на можна епидемија. Тие деца, за две-три недели ќе треба да седнат во школските клупи и таму да минуваат добар дел од денот. Во името на тие деца , Исламската Заедница во РМ апелира до сите граѓани да ја интензивираат соработката и да ги усогласат своите активности со сите релевантни државни структури , но и со невладините организации што делуваат на тоа подрачје. Апелираме до жителите, исто така  да соработуваат и со единиците на Армијата на РМ, како и со разните државни служби и да се приклучат во заедничките акции за чистење и дезинфектирање на се што е погодено  од катастрофалните поплави, стои во апелот соопштение на ИВЗ.

/РЕЛИГИЈА.МК

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...