– По едномесечниот пост, молитва и воздржаност, муслиманите во земјава, како и во целиот свет, го слават Рамазан-бајрам. Овој празник претставува мудрост, разбирање и солидарност, вредности кои заеднички ги градиме години наназад и кои се темел на нашето општество. Рамазан-бајрам е празник кога на сиромашните им се возвраќа со љубов, милост и правдина. Ден кога муслиманските семејства се соединуваат со молитви и со меѓусебни посети во благодат и внимание, простувајќи ги грешките едни на други, пишува Претседателот Ѓорге Иванов во честитката испратена за Рамазан до поглаварот на ИВЗ и до верниците.
Ваквите големи празници, додава претседателот, не потсетуваат дека без разлика на верската или религиската различност, почитувајќи се меѓусебно, го чекориме вистинскиот пат и градиме подобра иднина,
– Со овие мисли дозволете, уште еднаш, Вам и на сите верници од исламска вероисповед, да Ви го честитам празникот Рамазан-бајрам и да Ви посакам пријатни денови исполнети со мир и благосостојба, се наведува во честитката на претседателот Ѓорге Иванов.

