Почетна Вера ЗАЕВ: Заедно продолжуваме кон надминување на предизвиците
ЗАЕВ: Заедно продолжуваме кон надминување на предизвиците

ЗАЕВ: Заедно продолжуваме кон надминување на предизвиците

167
0

– Светите празници, како што е и Рамазан Бајрам, преку духовната сила што ја носат и љубовта, трпението, разбирањето, мудроста што ја поттикнуваат, помагаат на човекот да го оствари својот копнеж и порив за спокоен и среќен живот; пишува Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во честитката испратена за големиот муслимански празник, Рамазан до поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и до сите граѓани кои го чествуваат празникот.

Zoran Zaev-Човекот е спокоен и среќен кога се спокојни и среќни неговите деца, неговите родители, неговото семејство, неговите пријатели, соседи, сограѓани. Затоа ни се потребни овие универзални бесценети вредности, наведува Заев.

Сите заедно, додава, без разлика на различностите по каква било основа, покажавме дека како совесни луѓе сакаме и можеме да одговориме на обврската што ја има секој од нас, да придонесеме кон заедничка, посветла иднината на сегашните и идните генерации.

– Убеден сум дека заедно продолжуваме кон надминување на предизвиците и обезбедување достоинствен живот за сите граѓани во Република Македонија, пишува претседателот на СДСМ Зоран Заев во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *