Исплашен од стравот дека ќе оди во пензија, Шакир Фетаи направи хаос од ИВЗ

Date:

Share post:

ИНТЕРВЈУ: ЌАНИ НЕСИМИ – ТЕТОВСКИ МУФТУИЈА

Повеќе од една година во ИВЗ, тлее сериозен конфликт помеѓу атуелниот поглавар Шакир Фетаи и разрешениот тетовски муфтија, Ќани Несими. Ситуацијата е статус кво, а Муфтијата Несими во интервју за Религија.мк, открива сериозни обвинувања за Реисот, како и за политички влијанија врз ИВЗ од претходната власт.

-На другите членови на Ријасетот пак им се заканува со вршење притисоци со злоупотреба на име на полициското обезбедување, демек цела држава и полиција стојат зад него. Впрочем во таа насока уште во јануари 2024 год, имаме поднесено и писмено барање до МВР за преиспитување на одлуката на бившиот министер за внатрешни работи за полициското обебедување на Реисот Фетаи бидејќи и самиот на неколку наврати има изјавувано дека тоа силно полициско безбедување го имало добиено со длабок паричен поклон, откако предходно барањето му било одбиено за полициско обезбедување. Сметам дека повлекувањето на полициското обезбедување од страна на МВР ќе му стави крај на самоволието на старосниот пензионер Шаќир Фетаи и тоа директно ќе придонесе на нормално функционирање на ИВЗ во согласност со уставот и нормативата на верската заедница, вели меѓу другото во интервјуто за Религија.мк, тетовскиот Муфтија, Проф. Др. Ќани еф. Несими

 

РЕЛИГИЈА.МК: Неодамна добивте судска пресуда во Ваша корист, но се уште работите стојат непроменети. На што се должи тоа?

НЕСИМИ: ДА, досега имавме неколку судски процеси, имаме две судски решенија на времена мерка од основните судови во Тетово и Скопје, но како што е општо познато правосудниот систем во државата опфаќа неколку судски инстанци и истите процеси и по граѓанска парница бараат одреден временски период, до правосилност и извршување на пресудите.

Јас сум сигурен дека работите ќе се променат, без сомнение работите ќе се вратат во првобитна состојба, бидејќи непочитување на внатрешното правно уредевување на ИВЗ и на судски решенија и пресуди сама по себе сноси и кривична одговорност. Во ова насока против лицата Шаќир Фетаи и Селвер Џемаили имаме поднесено и кривична пријава до ОЈО Скопје за злоупотреба на службена положба и овластување, и ако правдата е бавна ама е достижна на крај си доаѓа.

РЕЛИГИЈА.МК: Дали во овој период сте разговарале со Рејсот, со членови на Ријасетот?

НЕСИМИ: Со Реисот немаме комуникација, тој ги избегнува контактите со мене и со другите членови на Муфтиството Тетово, бидејќи и самиот знае дека има донесена незаконита и неуставна одлука, и тоа е грешка кој самиот треба да ја исправи. Со членови на Ријасетот ДА имаме комуникација. Но спремни сме во секое време на средба и јавна дебата со Реисот Фетаи, бидејќи тој самиот е проблемот, не е Ријасетот или Тетовското Муфтиство.

РЕЛИГИЈА.МК: Кои се понатамошните Ваши чекори?

НЕСИМИ: Ние досега ги имаме превземено сите правни институционални дејствија, пред се тоа што е најважно за мене како Муфтија е ставот на имамите и џамиските одбори на Муфтиството Тетово, кои го искажа нивниот став на 09.11.2023 год, апсолутното мнозинство на советот на Муфтиството Тетово едногласно ја отфрлија одлуката на Реисот за моето незаконито и неуставно разрешување. Потоа Муфтиството Тетово како основен Уставен Орган на ИВЗ има донесено три едногласни одлуки за отфрлување на одлукатите на Реисот и јасно укажувале на нивниот став дека единствен легален и легитимен Тетовски Муфтија е проф. Др. Ќани Несими.

Воедно на 05.03.2024 год, тетовските имами имат поднесено писмена иницијатива до Реисот каде се потпишани апсолутно мнозинство на оџите од Тетовското Муфтиство и тоа со име и презиме и џамиите каде служат од каде барат да се повлечат незаконските одлуки на самиот Реис. Но за жал на сите наврати на волјата и определбата на апсолутното мнозинство на имамите и џамиските одбори и на основниот уставен орган Муфтиство Тетово Реисот не одговара.

Со барање до Реисот се упатиле и бившите Тетовски Муфтии заедно со бившите функционери на ИВЗ од Тетово, кои бараа да ги повлече незаконските одлуки за разрешување, и на ова од Реисот нема никаков одговор, што многу е зачудуваачки факт.

Со оглед на тоа дека требаше по секоја цена да се избегнуват немири во ИВЗ, а тоа некој го бараше во време кога државата беше пред подготвување на нови парламентарни избори 2024. Ние упорно бевме на ставот дека работитете треба да се решават по мирен, законски и нституционален пат и од тоа не отстапувам.

Но ова не подразбира дека се единствени законски, легитимни и демократски средства кои ни се во располагање. Наредните чекори можа да бидат и по радикални во таа насока, сум под постојан притисок од самите имами да организирам и протести пред седиштето на ИВЗ, но во опција се и други демократски средства кои ни се загарантирани со закон и устав. На самоволието на Реисот Фетаи ќе му се стави крај.

РЕЛИГИЈА.МК: Имате ли поддршка од други членови на Ријасетот, од верници или од Имами?

НЕСИМИ: Како што споненав предходно, ДА имаме комуникација со членови на Ријасетот, и тие се засегнати со ова проблматика создадена од Реисот. Без сомнение докажано е веќе дека имаме апсолутна поддршка од имамите и џамиските одбори во Тетово и Тетовско. Во седиштето на Муфтиството Тетово имаме редовна секојдневна комуникација и постојани посети од страна на имамите, џамиските одбори и верниците.

РЕЛИГИЈА.МК: Но, се чини како да Вие сте осамени во оваа битка? Реално никој не зборува за тоа дека едно од најголемите муфтиства во Македонија има сериозен проблем со  легитимитетот?

НЕСИМИ: Апсолутно не точно дека сме осамени. Но не сум заинтересиран и нема да дозволам да бидам причина тензичната ситуација во Тетовското Муфтиство и во ИВЗ создадена од самиот Реис да влијае и да се прошири и во другите Муфтиства, бидејќи тогаш ќе се создаде хаос, уверен дека тоа нема да им служи на верниците, на имамите и џамиските одбори. Максимално се залагам на мирна атмосфера и ако истата е напната во ИВЗ од самиот Реис.

За легитимитетот согласно уставот на ИВЗ Муфтијата го добива од самиот уставен основен орган на ИВЗ тоа е Муфтиството, нивна загарантирана уставна надлежност е да предлагат можни кандидати за Муфтија, легитимитетот и кредибилитет на Тетовскиот Муфтија Ќани Несими не се успорува во редовите на Имамите и Џамиските одбори во Тетовското Муфтиство ниту пак кај верниците.

Во ова насока е во прашање легитимитетот и кредибилитетот на Реисот Фетаи од каде апсолутното мнозинство на верските службеници, имами и џамиски одбори го одбиват негоавата одлука за мое разрешување, и не ја прифаќат одлуката на именување на некаков си измислена неуставна категорија ВД Муфтија.

Од друга страна пак од самиот почеток медиумите и меѓународниот фактор сме ги алармирале во врска со ситуацијата и состојбите во Тетовското Муфтиство и во целина во ИВЗ кои се создадени од самиот Реис, за тоа дека не се зборува максимално и не се алармира ситуацијата како во минатото, јас се повторувам дека настојувам за зачувување на мирот и спокојот на верниците и граѓаните воопшто.

Чувставата, мирот и спокојот на исламските верници без сомнение се многу повредни и непроценливи за мене, него самиот Шаќир Фетаи кој насекаде се крие од медиумите и јавноста, кој  нема слух и морална одговорност за водење на ИВЗ врз основа на дебати, консултации и транспарентност од веќе познати причини.

Дозволете во ова насока само да потсетам на неговите лажни ветувања за да имате појасна слика за каква личност станува збор. Тој ветуваше дека ИВЗ ќе биде отворена и транспарентна институција, од тоа во реалност нема ништо, напротив ИВЗ е тотално затворена институција. Изјавуваше дека имамите и верските службеници се главниот столб на ИВЗ и за нив ќе формирал посебен фонд за покачување на платите, тој не го почитува уставно загарантираното право на Тетовските имами и џамиски одбори на нивна определба за тој кој треба да биде во чело на Тетовско Муфтиство и кој треба да ги преставува нивните интереси пред Ријасетот, а за тој посебен фонд преку кој фонд ќе ги покачува платите на имамите ширум земјава досега не слушнавме ни збор. Јавно се изјаснуваше дека ќе отвара исламска банка и телевизија, од тоа апсолутно ништо, не слушнавме ни збор во ова насока. Се залагаше за исламски центар Бурмали Џамија сред Скопје, во ова насока мора иронично да се изјаснувам дека единствен реализиран негов проект се реновирањето на тоалетите на вториот спрат во седиштето на ИВЗ. Најавуваше промоција на верски културни и хуманитарни вредности, ангажирање и помагање на ранливите социјални категори, од сето ова само пуста лаж. Тој едно време отиде до таму што човекот ќе си градел патишта и инфраструктура низ земјава, изгледа дека багерите и тешката механизација немаат нафта за работа, или пак недостасува градежна работна сила во земјава, човекот си има сериозни проблеми. Остана на лажни ветувања дека ќе помагал на лекување на болни во странство, основање на  посебен сектор за женскиот пол во редовите на ИВЗ, државно воведување на верска такса по примерот на Бугарија, почнување на рестарвација и реновирање на Чарши Џамијата во Прилеп и што не друго, од сето тоа буквално ништо, само лага и лажно ветување.

Па се прашувам дали воопшто со ваква ранлива психичка личност вреди да се вознемируват верниците и да се поигрува со нивните чувства, и да им се расипува мирот и спокојот. Колку и да се зборува и да се кажува, има само еден заклучок а тоа е, лагите и манипулациите на Шаќир Фетаи немаат крај.

РЕЛИГИЈА.МК: Како настана овој проблем, сигурно има некоја сериозна позадина?

НЕСИМИ: Многу едноставно, човекот со неговите лаги и манипулации ја изгубил подршката на членовите на Ријасетот, мнозинството беше на став дека со исполнувањето на законските услови за старосна пензија, он треба да замине од ИВЗ, и тоа беше најбезболно решение за него и за ИВЗ.

Но Реисот разочаран со реалноста, нервозен, изгубен во самиот себе, соочен со фактот дека мора да свикува седница за негово заминување по исполнување на законските услови за старосна пензија. Наместо седница на Ријасетот за неговиот понатамошен статус во ИВЗ, тој си измислува ПУЧ во ИВЗ, и ноќта на 22 мај 2023 год, охрабуван од силното полициско обезбедување, во неговиот кабинет повикувал одредени членови на Ријасетот и разрешува 5-петмина членови на Ријасетот, се со цел да ја смени структурата на Ријасетот, таа ноќ ја алармирал лажната ситуација и во одредени политички кругови дека му се спрема пуч, и на присутните членови на Ријасетот им кажувал дека е во постајана комуникација со бившиот министер за Внатрешни Работи, и ситуацијата ја имаат под контрола. Утредента пак самиот јавно демантира дека имало обид за пуч, на што да се верува.

Од друга страна неговото полициско обезбедување засилени и со приватно обезбедување дури и ние Муфтиите немавме пристап за влез во седиштето на ИВЗ. Си создал монархија со полициско обезбедување и одбиваше да свикува седница на Ријасетот, одржуваше состаноци само со одредени лица и тоа е се.

Во ноември 2023 год, преку ноќ наводно свикувал седница на Ријасетот без да упатува покани за седница на сите членови, без наше присуство и на други членови на Ријасетот си донесува дополнителни одлуки за разрешување, овој пат и за мое разрешување како Тетовски Муфтија која ја оспорувам во целост како незаконита и неуставна. За волја на вистината Реисот е уставно обврзан еднаш месечно да одржува седница на ријасетот, но од тоа нема ништо.

РЕЛИГИЈА.МК: Има ли политичка позадина?

НЕСИМИ: Ние сме секуларна држава, верата е одвоена од државата, правната положба на верските заедници е регулиран со посебен закон, тоа не значи дека не треба да има комуникација и соработка помеѓу верските заедници и власта за суштински интерес на државата и граѓаните, и во таа насока мора меѓу себе да се помогнат. Но во ова насока суштинскиот проблемот е во тоа што ние како мултиетничко и мултиконфенсионално општество се уште немаме изградено суштинска политичка секуларна култура, и без предрасуди во таа насока сериозно треба да се работи во интерес на опшеството. Бидејќи пред се сите заедно сме обврзани максимално да се ангажираме за зачувување на јавниот ред, мирот, безбедноста и спокојојството на граѓаните.

Од друга страна пак реалноста е дека верските заедници не се имуни од политичките влијанија. Тоа барем е докажано во последните три децении во политичкиот плурализам во земјава, политичките партии во секој изборен циклус се обидуват преку нивно наметнување во верските заедници да придобиваат од авторитетот и влијанието на верските лидери и челници кај верниците.

Но имало и ситуации кога лидери и челници на верските заедници се приближуваат со лидери на политичките партии, за да по изборите придобијат од политичката владина моќ за пресврт во самата верска заедница.

Дозволете во ова насока да споменувам само еден конкретен случај, која не се должи на политичка секуларна култура, а во суштина е резултат на актуелната тензична ситуација во ИВЗ. Имено во ноќните часови спрема 22 мај 2023 год, Реисот Фетаи разрешува 5-петмина членови на Ријасетот, и тоа по исполнување на законските услови за старосна пензија, и тоа со политичка подршка и со злоупотреба на полициска асистенција, се со цел да ја смени структурата на Ријасетот како колективен уставен орган на ИВЗ кој орган го избира, менува и го разрешува Реисул Улема, а воедно и пред кој орган одговара самиот Реисул Улема.

По овој настан, зачудувачки а воедно и многу иронично бил фактот кога Реисот Фетаи беше посетен во седиштето на ИВЗ од членици на политичка партија во власт и тоа од неколку министри, вклучувајќи ги министри за внатрешни работи и одбрана во придружба на генерален секретар на партијата која владееше со сите безбедносни структури во предходната власт, и тоа во време кога во ИВЗ вриеше од самоволие, незаконито и противуставно работење на Реисот Фетаи. Наводно си биле да му честитат Бајрам пред денот на празникот, што тоа никогаш не било случај и пракса во ИВЗ.

Но посетата на тој состав на високо партиски и политички владини функционери си имало јасна порака и цел, а тоа е демонстрација на сила и моќ, од каде на Реисот Фетаи му се дава подршка за разрешените членови на Ријасетот и да продолжи со создавање тензична ситуација и во Тетовското Муфтиство, како една од најголемите и највлијателните Муфтиства и да се врши притисок врз имамите и џамиските одбори за политичка подршка на таа партија во изборите. Не случајно по овие настани почна и да се појавуваат слики на бившиот министер за внатрешни работи со одредени Муфтии се со цел да се испратат пораки до верниците за подршка на таа политичка партија. Но од планираното не произлезе ништо, напротив тензичната ситуација во Тетовското Муфтиство создадена од Реисот Фетаи не му давала доволно храброст на Реисот и јавно да ги повикува верниците да ја подржат таа политичка партија на изборите, како што тоа беше случај за време на  претседателските избори 2019 и парламентарните 2020 год.

Овој пат креаторите на лажната манипулативна политика идеологија едно општество за сите си заминаа со катастрофален и срамен пораз. А во позадина оставија само еден контењер кој треба да се расчисти, а тоа едно пензионерче докажан лажливец и манипулант без кредибилитет и легитимитет кој засекогаш со срам ќе го напушти ИВЗ.

РЕЛИГИЈА.МК:  Каква е моменталната состојба во Исламската Верска Заедница?

НЕСИМИ: Состојбата во ИВЗ е трагична и комична, замислете со лаги и манипулации во време на парламентарните избори, без дозвола на Ријасетот шест вековното средното Исламско Училиште Иса Бег Медреса во с. Кондово – Скопје го затворил и основал нова приватна средна гимназија која ја именувал “Приватно Средно Училиште Медресеја  Иса Беу”, а од друга страна без срам и перде ги лаже учениците, верниците, учителите и јавноста дека медресето ја “акредитирал” како средно исламско училиште, не е далеку ова да го направил за лична и фамилијарна цел.

Самовластие на Шаќир Фетаи со незаконско и неуставно дејствување, проследена со закани и уцени, заштитен со полициско обезбедување отишло толку далеку што во конкретен случај го споменувам Селвер Џемаили кој под притисок прифатил неуставна и незаконита одлука да биде ВД Муфтија, откако Шаќир Фетаи му се заканувал дека ќе му биде поднесена кривична пријава во Јавно Обвинителство за проневера на Курбаните и злоупотреба на парични средства донации од Исламските Центри од земјите на ЕУ посебно од Швајцарија, наменети за Медресето и Факултетот за Иламски Науки.

На другите членови на Ријасетот пак им се заканува со вршење притисоци со злоупотреба на име на полициското обезбедување, демек цела држава и полиција стојат зад него. Впрочем во таа насока уште во јануари 2024 год, имаме поднесено и писмено барање до МВР за преиспитување на одлуката на бившиот министер за внатрешни работи за полициското обебедување на Реисот Фетаи бидејќи и самиот на неколку наврати има изјавувано дека тоа силно полициско безбедување го имало добиено со длабок паричен поклон, откако предходно барањето му било одбиено за полициско обезбедување.

Сметам дека повлекувањето на полициското обезбедување од страна на МВР ќе му стави крај на самоволието на старосниот пензионер Шаќир Фетаи и тоа директно ќе придонесе на нормално функционирање на ИВЗ во согласност со уставот и нормативата на верската заедница.

За на крај само да додавам, и во минатото имало вакви сложени и тензични ситуации во ИВЗ, сведоци сме дека наметнувањето и инволвирањето на одредени политички партии во ИВЗ, секогаш на крај си ја платиле политичката цена. Најголемата албанска политичка партија ПДП веќе не постои, а таа беше дел од ИВЗ и обратно, некој пак е во историско заминување а била многу сериозна политичка сила во албанскиот политички кампус, некои партии пак уште со раѓање се обидувале да се наметнат во ИВЗ но отишле во заборав. Искрено се надевам дека и едно општество за сите си ја научила лекцијата, па да ја имаме ова за поука, мислам за во иднина.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...