Интервјуто на владиката Јован злоупотребено од страна на контраверзниот руски медиум, UOJ на директна штета на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Во текст објавен од проруската агенда позната под името „Сојуз на православни новинари“ (UOJ), медиум кој со години го турка наративот на Московската патријаршија, се пренесува интервју на митрополитот Јован Крушевско – Демирхисарски, во кое, како што пишува медиумит, тој ја доведувал во прашање потребата од томос од Вселенската патријаршија и промовирал модел според кој автокефалијата треба да ја дава исклучиво „Мајката-Црква“.

Веста на UOJ е комплетно вадење од контекст на изјавата, со цел да предизвика став, на прв поглед теоретски, кој создава сериозна штета врз меѓународниот црковен статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

МПЦ-ОА се стреми кон полно признавање, но ваквите изјави го подриваат процесот. Откако СПЦ ја призна МПЦ–ОА и додели документ кој таа го нарече тимос, логичниот следен чекор за да исчезнат сите преостанати пречки во меѓуправославните односи е признавање од страна на Вселенската патријаршија и другите помесни Цркви.

Изјавата дека „не треба втор томос“ или дека „ни е доволен само документ од Мајката-Црква“ директно ги поткопува дипломатските напори на Синодот на МПЦ-ОА, кој јавно изрази дека процесот со Вселенската патријаршија продолжува и дека не е завршен. Всушност, голем дел од помесните цркви формално го чекаат ставот на Вселенската патријаршија за да го финализираат признавањето. На тој пат, секој тон што делува како одбивање, сомнеж или критика кон Фанар, ја турка МПЦ во статус на „полу-призната“, што е токму спротивно од националните и црковните интереси. Но, Митрополитот Јован во изјавата е дециден дека МПЦ-ОА сега не ужива полна автокефалност.

Кој добива од ваков наратив? Москва. И само Москва.

UOJ е медиум кој со години ја промовира линијата на Московската патријаршија, особено во конфликтите со Константинопол. Објавата и самиот фокус на насловот („Константинопол создава дополнителни несогласувања“) совршено се вклопуваат во пропагандниот модел во кој: -секое дејствие на Вселенската патријаршија се претставува како опасно, деструктивно или нелегитимно, се поддржува логиката дека Московската патријаршија може да биде алтернативен центар во православниот свет, се користат изјави на разни владици за да се изгради наратив на „сомнеж“ кон Фанар, се вметнува Украина како клучен пример за да се оправда руската позиција. Со други зборови: митрополитот Јован, свесно или несвесно, станува дел од туѓа медиумска и геополитичка агенда што нема никаква врска со интересите на Македонија или на МПЦ–ОА.

Што е конкретната штета за МПЦ?

Ослабување на легитимитетот на автокефалијата. Наместо МПЦ-ОА да се движи кон полно меѓуправославно признавање, изјавите создаваат впечаток дека МПЦ се дистанцира од Фанар, токму оној чија одлука е клучна за целосно интегрирање на нашата Црква во православното семејство. Поттикнување поделби во Синодот. Ваквите настапи ја продлабочуваат разликата меѓу владиците кои сакаат канонска интеграција и оние кои наклонето гледаат кон Русија. Тоа го прави Синодот ранлив. Губење на доверба кај Цариград. Вселенската патријаршија традиционално внимателно ги следи јавните изјави на архиереите. Непотребно создавање конфликтни тонови може да го забави или искомплицира процесот. Недоразбирање кај верниците и јавноста. Се создава впечаток дека автокефалијата „веќе е целосна“, што не е точно — и дека не ни треба ништо повеќе од документот кој СПЦ го нарече томос, што повторно не е точно и не одговара на реалноста на МПЦ во православниот свет.

Зошто Москва профитира?

Затоа што секоја критика кон Вселенската патријаршија, особено од балкански владици, се користи за оправдување на руската политика во Украина, за да се релативизира ПЦУ и за да се прикаже Константинопол како „раздорник“. Во тој контекст, МПЦ-ОА станува само алатка во поширока стратегија. Објавата на UOJ не е невина преносна вест, туку медиумски спин што ги користи зборовите на митрополитот Јован за да се поткопа угледот и перспективата на МПЦ-ОА во момент кога најмногу ѝ е потребна црковна дипломатија и единствен настап. Ваквите изјави не ја градат Македонската црква, ја ослабуваат. А единствената институција што добива од тоа е Московската патријаршија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Владиката Кирил од Вселенската патријаршија го посети митрополитот Георгиј во Охрид

Дебарско-кичевскиот митрополит Георгиј ја имал првата средба со владика на Вселенската патријаршија. Георгиј бил домаќин на Митрополитот на...

Религиско образование за младите – но дали им е потребно и на возрасните?

Возрасните се најгласни кога зборуваат за верата – но статистички и духовно, најмалку ја познаваат. Воведувањето на религиско...

Првата посета на папата Лав XIV укажува на желба да се надминат поделбите меѓу Католичката и Православната црква

Папата Лав XIV на крајот од ноември ќе отпатува за Истанбул, а потоа и во Либан, во рамките...

Германски поклоници и политичка делегација го посетија Теолошкиот факултет во Халки

Теолошкиот факултет на островот Халки, во рамките на Вселенската Патријаршија, го посетиле две значајни групи посетители: германски православни...