Илон Маск: јас сум христијанин по култура

Date:

Share post:

Илон Маск се идентификуваше себеси како христијанин по култура во ново интервју.

„Иако не сум особено религиозен човек, верувам дека учењата на Исус се добри и мудри… Би рекол дека веројатно сум христијанин по култура“, рече извршниот директор на Тесла за време на разговорот со Џордан Питерсон на платформата Х денес. „Постои огромна мудрост во тоа да се сврти другиот образ.“

Маск тврди дека христијанските верувања „резултираат во најголема среќа за човештвото, имајќи ги предвид не само сегашноста, туку и сите идни поколенија… Јас всушност сум голем верник во принципите на христијанството. Мислам дека тие се многу добри.“

Маск исто така забележа дека колапсот на религијата води до ниски стапки на наталитет, што би можело драстично да ја променат иднината на цивилизацијата. „Кога една култура ја губи својата религија, таа почнува да станува антинаталистичка и да опаѓа според бројот на население, па дури и потенцијално да исчезне,“ рече тој. Таткото на 12 деца додаде дека Пол Ерлих, автор на особено влијателната книга „Популациска бомба“ од 1968 година, во која истапува против раѓањето деца, бил „геноциден манијак“ кој нанел „голема штета на човештвото“. „Имањето дете е глас за иднината,“ рече Маск. „Тоа е најоптимистичката работа што некој може да ја направи.“

Питерсон, кој носеше јакна украсена со различни портрети на Богородица и Детето, дискутираше за натпреварувачката религиозна иконографија на мажите и жените. Христос, рече тој, е светата слика на мажот на Западот, додека светата слика на жената е дијадата мајка-бебе, претставена од Дева Марија и бебето Исус. „Доколку женскиот аспект не се концептуализира како комбинација од жена и дете,“ аргументираше Маск, „тогаш културата ја губи својата приврзаност кон традиционалните свети слики и веројатно е на пат кон исчезнување.“

За време на разговорот, Маск не се изјасни дали верува во Бог, но забележа дека не е практикувачки христијанин. Иако бил крстен и пораснал како англиканец, на Питерсон му објасни дека доживеал криза на идентитетот во раната адолесценција, што го поттикнало да ги чита текстовите на големите религии и филозофски движења, но во тоа време, „ниту една од нив навистина не нудеше одговори што одекнаа.“ Тој пронашол позадоволителен одговор во пораката на „Автостоперски водач низ галаксијата“, дека она што е важно е поставувањето на вистинските прашања – дека самата љубопитност е поважна од наоѓањето на одговорите.

Сопственикот на Х забележа дека ако неговите верувања беа религија, можеби би се нарекувале „религија на љубопитноста, религија на поголемо просветлување,“ чија цел е да се прошири свеста – цел што е поврзана со неговата работа врз вештачката интелигенција.

Маск се придружува на растечкиот број на јавни личности кои или преминуваат во христијанството или се изјаснуваат како христијани по култура. Реномираниот атеист Ричард Докинс, на пример, неодамна се идентификуваше како христијанин по култура, додека други, како Ајан Хирси Али, одат чекор понатаму.

Петерсон ја дискутираше изјавата на Докинс за општество вкоренето во христијанските верувања наспрема другите верски системи, на што Маск одговори: „Мислам дека тие (христијанските) се добри верувања.“

/unherd.com

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нови можности за рекреација: Тоневски ја најави велосипедска патеката Пробиштип–Ратавица

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нова велосипедска патека од Пробиштип до селото...

ВИДЕО: Ѓорѓиевски со екипите на терен: Акција за чистење на најкритичните локации во градот

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, утрово ја продолжи акцијата за чистење на главниот град, заедно...

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...