Верски радикализам

Date:

Share post:

Напуштање на вредностите на традиционалниот (турски), фундаментален ислам и промовирање на очаен исламизам како нововерци, печалбари од верата, радикали и терористи, НЕ Е ПРИФАТЛИВО во Република Македонија!

Оваа тема сериозно ќе биде отворена во јавноста, но и во рамки на партиските коалициони комуникации, со цел спречување на дополнителна дестабилизација на македонското општество, на верска основа!

За нас е разбирливо Македонија да ја посети министер за култура на Саудиска Арабија, министер за туризам или трговија, но министер за исламизам, од земја во која има нарушување на основните човекови права и слободи, токму поради верски причини, е целосно неприфатливо!

Таа осуда не е само кон ИВЗ или спикерот Гаши, туку и кон претседателот на Комисијата за верски прашања. Фали уште да го примите калифот од исис и да ни покажете во кој правец ја водите Македонија!

Патот на НАТО Македонија е кон ЕУ, кон модерно, демократско и секуларно општество, а албанскиот етнички шовинизам, веќе јавно надграден со верски радикализам, не води се подалеку од тој правец!

Последните испади со “кантонизации” и “исламизации” на Македонија, се дел од т.н. “руско сценарио” за дестабилизација на Балкан и јужното крило на НАТО, за што очекувам интервенција од САД и ЕУ.

Колку е посилно влијанието на “Арапскиот свет”, толку е помало тоа на Турција. Во таа насока, очекувам и реакција од Турција за заштита на нејзините интереси. Македонските муслимани се посигурни во рацете на “турскиот традиционален (фундаментален) ислам”, од колку во рацете на “нововерскиот исламизам”.

Доколку ИВЗ се одлучила да оди во “арапски свет”, тогаш е време за вистинска македонска ИВЗ во Македонија! На кој му се оди по умот на лудаците, среќен му пат! На Македонија не и е местото таму!

МакедонскиКонцепт ова прашање ќе го отвори во рамки на партиските тела, за што ќе ја информира јавноста.

*НЕ Е ЈАСНО што бара на сликата знамето на Албанија? Дали ИВЗ има амбиција да ја прошири својата надлежност и врз Албанија? Ако веќе се сака да се прикаже етничка припадност, тогаш не е прифатливо на масата да стои знамето на Република Македонија! Нека биде договор помеѓу Албанците и Саудиска Арабија!

Ако се сака да се нагласи верска припадност, тогаш требаше да има и знамиња на Турција, Босна и сл. бидејќи тие заедници во Македонија се доминантно муслимански.

Можеби ИВЗ сака да каже дека е само албанска и нема место за Турци, Бошњаци, Роми, Македонци муслимани и сл. во нејзини редови? Тогаш е време за неалбанска / надетничка ИВЗ во Македонија!

Пишува: Петар Богојески (Фејсбук статус)

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...