Хрватските судски власти во петокот целосно ја поништија пресудата за поранешниот надбискуп Алојсе Степинац, кој комунистичките власти во 1946 година го осудиле на 16 години затвор поради неговите соработнички дела со фашистите.
Ревизија на пресудата барал внукот на Степинац, Борис Степинац.
За хрватскиот надбискуп од Втората Светска Војна се води жестока „војна“ меѓу Хрватска и Србија. Иницијативата на Хрватска за негово прогласување за Светец ја оспори Српската православна црква. Ватикан формира мешовита комисија која треба да ги испита историските факти за животот на Степинац.
/РЕЛИГИЈА.МК