Христијани и муслимани со почит кон чудотворната икона во Струмица

Date:

Share post:

Свештеници на струмичката епархија велат дека веќе пет дена, откако во неделата пристигна иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница од Света Гора, постојано доаѓаат верници да се поклонат.

IKO SОтец Димитар од црквата Свети петнаесет тивериополски маченици, каде е сместена иконата вели дека на поклонение за оддавање почит покрај христијани, доаѓаат и муслимани и верници од други религии.

-Луѓе се јавуваат од секаде да се заблагодарат и ветат повторно доаѓање бидејќи молбите веќе им биле послушани. Народот навистина верува дека иконата е чудотворна па така не само православни верници на покајание и молби кон Пресвета Богородица Брзопослушница доаѓаат и верници од муслиманска вероисповед. Вратите на Храмот секогаш ќе бидат отворени за секој добронамерник и луѓе со мака, изјавил Отец Димитар.

Иконата која беше донесена  во Струмица е автентична петта копија на оригиналот кој се чува во манастирот Дохијар на Света Гора во Грција. Литија за пристигнувањето одржаа митрополитот струмички Наум и дебарско кичевскиот Тимотеј.

Светата икона е висока метар и 80 а широка метар и 30.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Џеј Ди Ванс предизвика дебата со изјава за конверзија на сопругата во христијанство

Потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс неодамна изјави дека се надева дека неговата Хинду сопруга некогаш ќе ја...

Ватиканот врати 62 артефакти на автохтоните народи од Канада

Ватиканот во саботата им ги врати на автохтоните народи од Канада 62 артефакти од својата етнографска колекција, меѓу...

Вартоломеј: Заедничкото чествување со папата Лав на Никеја е плод на екуменското отворање

Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја истакна важноста на заедничкото празнување на Првиот вселенски собор во Никеја со папата Лав...

Првиот повик на амбасадорката на САД во Грција бил до Архиепископот Јероним

Новата амбасадорка на САД во Грција ја продолжува американската политика на блиски односи со Грчката црква. Кимберли Гилфојл...