ГРУЕВСКИ: Заеднички да се помолиме за нови успеси на нашата држава

Date:

Share post:

По повод големиот христијански празник – Успение на Пресвета Богородица, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски лично и од името на партијата, упати честитка до Поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан, до членовите на Синодот, како и до сите православни верници во Република Македонија и дијаспората,  посакувајќи добро здравје, спокој, радост, мир и разбирање во секој дом и во секое семејство.

GRUEVSKIСлавејќи го денешниот голем празник посветен на Божјата Мајка, вели во честитката Груевски, денеска сиот христијански свет се поклонува и помолува на Пресвета Богородица, која со своето Успение го оживотвори светот а со своето посебно место помеѓу Бог и нас, ја зацврсти љубовта на човек кон Бога и љубовта на човек кон човека.

– Празнувајќи го радосното преселување на Божјата Мајка, денес ја споделуваме радоста христијанска, дека нашата заштитничка Пресвета Богородица, преминувајќи од земното кон небесното царство е вечно со нас, и со Својот мајчински покров на наднебесна љубов не благословува и ни дарува поткрепа и благодет. И затоа денес славејќи го овој празник, го славиме богоугодниот живот, добрината, смирението, скромноста и љубовта кон Бога и блиските, за што не учи делото и примерот на нашата голема мајка – Пресвета Богородица, стои во честитката.

Како народ кој столетија наназад, со големо возљубение и неизмерна почит, го слави овој голем христијански празник, денеска, се подвлекува, истовремено ги славиме и традиционалните вредности на нашето општество и на нашите семејства. Вредности, стои во честитката, кои не движеле низ вековите и кои треба да ни бидат пример за потребното човечко функционирање и во иднина, бидејќи само така ќе се задржиме на вистинскиот пат.

– Славејќи го денешниот голем празник Ве повикувам заедно да се помолиме за здравје, мир, спокој, меѓусебна љубов, радост, благодети и успеси во секое семејство и во нашата држава. Нека ни е честит и за многу години големиот празник Успение на Пресвета Богородица!, се вели во честитката упатена од лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски.

/МИА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Вартоломеј во Букурешт – пораката испратена кон Москва

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј пристигна во Букурешт за осветување на најголемиот православен храм во светот, Националната катедрала на Букурешт. Тој...

Вселенскиот патријарх Вартоломеј: „Автокефалноста не служи за поделба, туку за единство во Црквата“

Во својата беседа, Вселенскиот патријарх Вартоломеј изрази радост и благодарност за топлиот пречек и љубовта на патријархот Даниел,...

Кралот Чарлс испиша историја: Јавно се молеше со Папата Лав

По првпат по речиси 500 години, британскиот крал кој владее јавно се помоли со папата, симболично зачекорувајќи кон...

ВИДЕО: Орце Ѓорѓиевски најави нови културни сцени во срцето на Скопје

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави големи инвестиции во културната инфраструктура на главниот град, со...