Груевски: Вербата во Бога и понатаму да не води на нашиот пат

Date:

Share post:

“Верба во Бога и понатаму нека нè води на нашиот заеднички пат, уште повеќе нека нè зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме причините кои нè соединуваат и да ги надминеме препреките пред кои е исправена нашата татковина.” Со овие зборови, Премиерот Никола Груевски, им го честиташе големиот христијански празник, Божик, на православните верници во Македонија, како и на Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан и членовите на Светиот синод.

– Ваше Блаженство. Со голема радост и задоволство од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, би сакал да Ви го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божик.

Божик е празник на семејството, празник на среќата, празник на желбите, празник кога нашите порти се широко отворени за доаѓањето на убавата вест. Тивко и спокојно, во мир и хармонија, со љубов и радост да го пречекаме празникот и пораките кои тој ни ги носи, да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни еден кон друг, да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта и спасението на човековиот род.

Ваквата верба во Бога и понатаму нека нè води на нашиот заеднички пат, уште повеќе нека нè зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме причините кои нè соединуваат и да ги надминеме препреките пред кои е исправена нашата татковина. Нека Бог биде со нас во секоја радост, болка или тага, нека биде со нас во секое дело кое го правиме, во секој дом и семејство. Обединети сме силни, а единството дава можност за напредок. Убеден сум дека нашиот народ, подобро од кој било друг ги препознава вредностите кои нè обединуваат и дека заедно со многу труд и работа ќе направиме уште повеќе за нашата држава, за нови успеси, за подобар животен стандард, за нови радости и заеднички напредоци. Нека Бог дарува љубов, нека има успех и бериќет во секое поле од значење за Република Македонија, заеднички да се радуваме и да го славиме Божик – За многу години! Нека е честит и вековит големиот христијански празник! Христос се роди! Навистина се роди!, се наведува во божикната честитка од премиерот Никола Груевски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...

Папата прогласи седум нови светци

Ѕвоната одекнаа на плоштадот „Свети Петар“ во неделата кога папата Лав XIV канонизираше седум нови светци на Католичката...

Измеќарите се накотија после 82 години од Издеглавје

На денешен ден, 21 октомври 1943 година, во селото Издеглавје, Охридско, бил одржан Првиот свештенички собир на слободната...

И во Утрехт, Холандија Европската епархија купи објет за македонски храм

Македонските верници од Европската епархија во Холандија се стекнаа со сопствен објект кој во иднина ќе биде храм...