Грција одобри посета на Папата. Фрннциск, Вартоломеј и Јероним заеднички на Лезбос

Date:

Share post:

Папата Франциск и Вселенскиот патријарх Вартоломеј ќе бидат гости на грчкиот Архиепископ Јероним, следната недела. Средбата на тројцата поглавари ќе се случи на островот Лезбос, а поводот е бегалската криза.

vatolomej jeronim i franciskСинодот на Грчката православна црква денеска позитивно одговорил на барањето на Ватикан за посета на Грција и островот Лезбос, каде заедно со Вселенскиот патријарх Вартоломеј и грчкиот Архиепископ, во кампот за беглаци, ќе им оддадат почит на жртвите кои загинаа во Егејското море на патот кон Западна Европа.

На Лезбос, покрај од Јероним, Франциск ќе биде придружуван и од грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

lezbos 2Целта на посетата на Франциск на Грција, како што соопштува Грчката Архиепископија, е  придонесот на Папата во свеста на меѓународната заедница за итен прекин на непријателствата во поширокиот Медитерански регион и Блискиот Исток, а со тоа и да се реши хуманитарниот проблем предизвикан од очајните бегалци кои бараат подобра иднина во Европа.

Синод на Грчката Црква тврди дека го прифатил предлогот за посета на папата Франциск бидејќи станува збор за јасно хуманитарна и симболична посета.

Атинската архиепископија, соопштува дека идејата на оваа средба да биде присутен и Цариградскиот патријарх Вартоломеј била нејзина, со цел да се демонстрира единството на Православната црква.

-Личноста и авторитетот на Вселенскиот патријарх, заедно со тежината на присуството на Папата Франциск, испраќа многу силен сигнал до целиот свет како почеток на светската  заедница кон ублажување на проблемите на бегалците и истовремено и пораки за соодветни мерки за заштита на христијаните кои страдаат сурово во поширокиот регион на Блискиот Исток, стои во соопштението на Синодот на ГПЦ.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Потпретседателот на САД Венс во Ерусалимската Патријаршија – ја посети црквата на Христовиот гроб

Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски, г.г. Теофил, заедно со поглаварите на црквите на заедниците со статус на светилишта, Кустодот...

Петар: Љубовта и врските меѓу Русија и Македонија постоеле од најрано време и ќе постојат во иднина (ВИДЕО)

Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, кој заедно со епископот Никола беа во подолга посета на Руската православна црква, во една...

Ортодокс Тајмс: руски архимандрит кој е „persona non grata“ во Софија и Скопје присуствуваше кај Архиепископот на Синај

Влијателниот интернет портал за р6елигиски прашања во Грција, Ортодокс Тајмс објави вест за приемот кај новиот архиепископ на...

Што точно значи симболиката на „гредата во окото“?

Симболиката на „гредата во окото“ е највпечатливиот и најдобриот опис на демоноопседнатост што може да се најде во...