Почетна Вести И бугарскиот митрополит Гаврил им се приклучи на противниците на Сеправославниот собор
И бугарскиот митрополит Гаврил им се приклучи на противниците на Сеправославниот собор

И бугарскиот митрополит Гаврил им се приклучи на противниците на Сеправославниот собор

689
0

sinod bpcПо серијата архиереи антекуменисти од неколку цркви и Бугарската православна црква, поточно Ловченскиот митрополит Гаврил отворено застана против дел од договорените точки за Сеправославниот Собор закажан за јуни оваа година. Митрополитот Гаврил, заедно со свештенството на Епархијата за својот став против утврдените одредби за документот кој се однесува на односите на Православната црква со останатиот христијански свет го известил и Синодот на Бугарската православна црква.

Издвоеното мислење на митрополитот Гаврил е објавено и на официјалната интернет страница на Бугарската Патријаршија.

Во декларацијата што до Бугарскиот Патријарх Неофит, ја испратиле свештениците од Ловченската епархија стои дека клирот од Ловчанскиот духовен округ, потполно и едномислено го поддржува ставот на Ловчанскиот епархиски архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополит Гаврил и се изјаснува против споменатиот документ.

Во продолжение на декларацијата се наведени и сите спорни места во документот во кои, според овие бугарски свештеници, се отвора простор за еретичката практика да се примаат расколниците и еретиците, без тие претходно да станат вистински членови на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *